Достапни линкови

Американски војник уби најмалку 15 цивили во Авганистан


Американски војници во Авганистан
Американски војници во Авганистан

Се уште не се знае причината за инцидентот, се претпоставува дека војникот доживеал нервен слом.

Еден американски војник застрела најмалку 15 лица во јужната авганистанска покраина Кандахар. Потпаролот на локалните власти Џавид Ахмад Фаисал за сервисот на Радио Слободна Европа во Авганистан изјави дека инцидентот се случил во селото Алекозаи и дека 15 цивили загинале или се повредени.
Петнаесет жители од селото се повредени или убиени за време на инцидентот. Се уште не се знае нивната точна бројка. Покрената е заедничка истрага на полицијата од секоја покраина, кабинетот на градоначалникот и ИСАФ, која треба да ги открие причините за убиствата.
Џавид Ахмад Фаисал, портпарол на Кандахар.

„Петнаесет жители од селото се повредени или убиени за време на инцидентот. Се уште не се знае нивната точна бројка. Покрената е заедничка истрага на полицијата од секоја покраина, кабинетот на градоначалникот и ИСАФ, која треба да ги открие причините за убиствата“, вели Фаисал.
Протестите во Авганистан по палењето на Куранот.
Протестите во Авганистан по палењето на Куранот.
Авганистанското министерство за внатрешни работи го осуди убиството на цивилите. Според соопштението, министерството ќе спроведе целосна истрага и се уште се проверува точната бројка на загинатите. Министерот за племенски работи, Асадулах Халид изјави дека 16 лица загинале. Дописникот на агенцијата АТФ кој го посети селото тврди дека видел 16 тела, меѓу кои имало жени и деца.

НАТО соопшти дека длабоко жали за инцидентот и дека нивните мисли и молитви се со семејствата на жртвите.

Војникот одговорен за нападот наводно ја напуштил неговата база рано утринава и отишол во селото каде влегол во домовите на жителите и почнал да пука. По убиствата војникот се предал на неговите претпоставени во базата. Се уште не се знае мотивот за инцидентот, но медиумите јавуваат дека војникот можеби доживеал нервен слом.

Локалните жители во знак на револт се собраа да протестираат пред базата.

Еден од жителите на селото на репортерот на Асошиејтед прес му кажал дека војникот влегол во три куќи и започнал да пука.

Кога се случи инцидентот во текот на ноќта ние бевме во нашите домови. Јас слушнав истрели, па тишина и повторно истрели, изјавил жителот.

Во Авганистан неодамна имаше анти-американски протести, поради палењето на Куранот и друг верски материјал во воената база во Баграм, при што загинаа 30 луѓе, меѓу кои и шест американски војници.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG