Талибанците уште пред изборите се заканија дека со насилства ќе го спречат гласањето.
Членови на изборни комисии јавуваат за за нерегуларности на гласачки места.
Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи, откако гласаше во Кабул, изјави дека изборите ќе помогнат за подобра иднина на земјата. Тој изрази надеж дека ќе има голем оздив и оти нема да има голем број инциденти.
Околу 2.500 кандидати се натпреваруваат за 249 места во Парламентот на Авганистан.
Западот, на овие избори во Авганистан гледа како на тест за авганистанската Влада за способноста да спроведе регуларни избори.