Генералот Дејвид Петреус, командант на американските и НАТО војници во Авганистан, за Би Би Си изјави дека ситуацијата доживува пресврт во многу области во Авганистан и дека западните сили работат на Талибанците да им ги загрозат безбеносниот рај што го соспоставиле со години. Според Петреус, американските и НАТО силите ќе продолжат успешно да се борат со милитантите и дека борбите ќе бидат тешки.Авганистанскиот аналитичар во Кабул Вахид Моздах, кој претходно работел во Министерството за надворешни работи за време на режимот на Талибанците, ги оспорува тврдењата на Петреус, велејќи дека тие се најверојатно за американската јавност и не се одраз на ситуацијата на теренот:
„Мислам дека Американците сега се обидуваат да и покажат на својата јавност дека општата состојба во Авганистан се подобрува. Внатре во Авганистан луѓе не можат да видат дека дека Талибанците се поразени.“
Моздах, кој автор на книга за талибански режим, смета дека интензивирањето на западната воена кампања предизвикува незадоволство кај дел од авганистанците кои мислат дека таа им носи повеќе штета на цивилите отколку на бунтовниците.
Петреус уште повеќе ги заостри правилата на неговиот претходник, генералот Стенли Мек Кристал, за намалување на цивилните жртви и тие се намалени, но тоа и натаму е проблем во Авганистан. Моздах вели дека таа стратегија за придобивање на срцата на авганистанците нема успех и не била целосно спроведена, бидејки западните сили во голем дел се потпираат врз големата огнена моќ.
„Америка е замаена во темнината во Авганистан. Тие зборуваат за нешто денеска а друго мислат утре. Секој кој доаѓа тука, вели дека тие ги победува Талибанците. Но, Талибанците се сега чукаат на портите на Кабул. Сега, за каков пораз зборувате кога не можеме да го видиме.“
Петреус, пак, повтори дека повлекувањето на американските и НАТО силите ќе почне во јули 2011 година, но дека тоа нема да биде брз процес.