Достапни линкови

САД во Ирак: наместо војници, цивили


Борбените трупи веќе го напуштија Ирак, а во наредниве месеци ќе има и дополнително прераспоредување на американското воено присуство во таа земја. Во меѓувреме, илјадници цивили ќе почнат да доаѓаат во Ирак во рамките на најголемата американска програма за обнова од Маршаловиот план за Европа по Втората светска војна.

Американскиот претседател Барак Обама на 31 август објави крај на борбените операции во Ирак, но исто така најави како досегашната над седумгодишната кампања ќе продолжи. Американските војници ќе бидат заменети со цивили.

,,Како што се повлекува нашата војска, наши посветени цивили, дипломати, хуманитарни работници и советници, ќе пристигаат за да ја предводат поддршката на Ирак во решавањето на политичките недоразбирања, во враќањето на расселените и во воспоставувањето поцврсти врски со регионот и светот.,,


Според Стејт департментот, американската помош ќе биде фокусирана врз здравството, земјоделството, нафтената индустрија.

До октомври идната година Стејт департментот ќе ја има и одговорноста во обуката на ирачката полиција.

Сето ова е во рамките на, како што се оценува во УСАИД, најголемите американски напори за обнова од Маршаловиот план.

Но, токму овие илјадници цивили ќе се соочат со големи опасности со оглед на фактот што Ирак и натаму останува едно од најопасните места во светот, особено откако до крајот на идната година од таму ќе бидат повлечени сите американски воени сили.

Нивното место, според предвиденото, ќе биде пополнето со, како што оценуваат експертите, најголемата приватна безбедносна операција во светот. Стејт департментот планира да го дуплира бројот на приватни обезбедувачи, околу 7 илјади што од своја страна

Стејт департментот вообичаено не оперира во земји со вакво високо ниво на безбедносен ризик. Например во Јемен амбасадата е скоро постојано затворена. Но, Ирак е премногу важен за американските интереси и затоа се инвестира толку многу и покрај опасностите.
претставува своевидна мини армија.

Тие ќе бидат опремени со хеликоптери, оклопни возила, висока компјутерска техника. Њујорк Тајмс пишува дека Стејт депртментот ќе купи уште три авиони со што ќе се создаде вистинска воздушна флота.

,,Стејт департментот вообичаено не оперира во земји со вакво високо ниво на безбедносен ризик. Например во Јемен амбасадата е скоро постојано затворена. Но, Ирак е премногу важен за американските интереси и затоа се инвестира толку многу и покрај опасностите.,,

Вели Мајкл Најтс, од вашингтонскиот Интстиут за блискоисточна политика.

Тој додава дека покрај проширените обвинувања за големи злоупотреби приватните фирми за обезбедување се единствениот начин за да се обезбат цивилите.

Останува отворено прашањето од каде толку пари за нивно ангажирање со оглед на тоа што Конгресот неодамна му даде на Стејт департментот 600 милиони долари помалку од побараните дополнителни средства.

Како и да е, познавачите ваквиот цивилен безбедносен експеримент во Ирак го ставаат во контекст и со американската ангажираност во Авганистан.

,,Не се сомневам дека лекциите научени од овој безбедносен проблем за Стејт департментот во Ирак подоцна ќе бидат применети во Авганистан кога ќе дојде време за тоа.,,

Вели Џејмс Денли од Институтот за воени науки во Вашингтон.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG