Сведоци сме дека Обвинителството прогласи многу од поголемите афери за затворени, дел поради недостиг на докази. Дали тоа укажува на евентуално слаб капацитет на институциите да се справат со поголемите корупциски скандали или навистина недостигаат докази?
Проблемот, би рекла, пред се е тоа што ние низ сите овие години не успеавме да стекнеме доверба во нашите институции, па еден ваков став на Обвинителството, кога ќе каже овој случај го затворивме затоа што немаме докази, да го прифатиме како веродостоен и како вистинит. Повеќе ќе зборувам од моето искуство, сум била сведок на ситуации кога Обвинителството и таму каде што биле работите очигледни и каде што постоеле докази, јас лично имам такви случаи каде што сме им доставиле докази коишто се релевантни и треба постапката да оди во суд за да судот оцени понатаму во однос на одговорноста на некое лице, обвинителите ја запираат постапката без да се утврди вистината.
Што е со отвореноста на институциите. Барем од страна на новинарите има забелешки дека не се отворени во однос на корупциските случаи. Дали и невладиниот сектор има такви забелешки?
Имаме ние исто таква забелешка, особено кога бараме информации за тоа како работат овие институции. Првата информација, најлесно што може да се добие, е случајот во судница. Постапките се јавни во судниците, таму можеме да одиме, да седиме и да проследиме тек на една постапка и да видиме како и понатаму судиите ќе се однесуваат во дозволување на одредени дејствија, прифаќање на одредени докази и носење на одлуките. Ние за да успееме да доловиме дел од активностите на овие институции бараме да ги видиме и нивните годишни извештаи. Според законската уреденост, тие извештаи, конкретно на Јавното обвинителство, не се јавни документи. Во суштина станува збор за повеќе настојување да се прикријат одредени недоследности, одредени непринципиелности, одредени неусогласености со меѓународните стандарди, отколку да се сака да се заштити нешто што треба да биде тајно. Сите извештаи на Јавните обвинителства во светот се јавни. Мора да знаат граѓаните што работат тие институции и каков е ефектот од нивната работа и колку тие навистина водат ефикасни постапки против сторителите на кривични дела.
Ние за да успееме да доловиме дел од активностите на овие институции бараме да ги видиме и нивните годишни извештаи. Според законската уреденост, тие извештаи, конкретно на Јавното обвинителство, не се јавни документи. Во суштина станува збор за повеќе настојување да се прикријат одредени недоследности, одредени непринципиелности, одредени неусогласености со меѓународните стандарди, отколку да се сака да се заштити нешто што треба да биде тајно.Слаѓана Тасева, Транспаренси Интернејшнал Македонија.