Новинарите ја почитуваат, а дел од невладините организации ја поздравуваат одлуката на Уставниот суд, после која засега нема да се лустрираат новинари, основачи на медиуми, уредници и претставници на граѓанскиот сектор, како и членови на други организации. Судот одлучи да ја преиспита уставноста на 13 членови од Законот за лустрација, дел оспорени од граѓани поединци, а друг дел од невладиниот сектор.
Извршниот директор на Транспарентност Македонија Ана Јаневска Делева вели дека организацијата ја поздравува одлуката на Уставниот суд
„Ние неколку пати сме предупредувале за слабостите кои ги имаше овој Закон и навистина мислиме дека одлуката донесена од страна на Уставниот суд е добра.“
Делева потсетува дека Транспарентност Македонија оспорила дел од одредбите на Законот во 2010 година.
„Со тогашното донесување на Законот за лустрација се потврдија предупредувањата во државата со недоволна институционална развиеност и со ниско ниво на политички дијалог како што е Макеоднија и дека нема тоа да придонесе за унапредување на демократските вредности во земјата.“
Претседателот на Здружението на новинари на Македонија Насер Селмани вели дека новинарите ја почитуваат одлуката на Уставниот суд
„Затоа што во една демократска земја треба да се почитуваат независните органи на власт.“
Здружението на новинари претходно ја поддржа лустрацијата.
„Ја поддржавме лустрацијата не заради тоа што бевме воодушевени од тие решенија, меѓутоа затоа што е тоа законска обврска и не сакавме да оставиме впечаток во јавноста, а очигледно некои сили во Македонија беа заинтересирани да пренесат таков впечаток, дека голем број на новинари се соработници на тајните служби. Ние им рековме дека сме подготвени да се соочиме со тој факт и да видиме дали е тој впечаток вистинит или лажен.“
Инаку, од пратеничката група на владејачката ВМРО-ДПМНЕ најавија поквалитетни законски решенија кои нема да се оспоруваат на Уставниот суд и ќе овозможат процесот на лустрација да продолжи.
Ние неколку пати сме предупредувале за слабостите кои ги имаше овој Закон и навистина мислиме дека одлуката донесена од страна на Уставниот суд е добра.Ана Јаневска Делева, Транспарентност Македонија.
Извршниот директор на Транспарентност Македонија Ана Јаневска Делева вели дека организацијата ја поздравува одлуката на Уставниот суд
„Ние неколку пати сме предупредувале за слабостите кои ги имаше овој Закон и навистина мислиме дека одлуката донесена од страна на Уставниот суд е добра.“
Делева потсетува дека Транспарентност Македонија оспорила дел од одредбите на Законот во 2010 година.
„Со тогашното донесување на Законот за лустрација се потврдија предупредувањата во државата со недоволна институционална развиеност и со ниско ниво на политички дијалог како што е Макеоднија и дека нема тоа да придонесе за унапредување на демократските вредности во земјата.“
Некои сили во Македонија беа заинтересирани да пренесат таков впечаток, дека голем број на новинари се соработници на тајните служби. Ние им рековме дека сме подготвени да се соочиме со тој факт и да видиме дали е тој впечаток вистинит или лажен.Насер Селмани, претседател на ЗНМ.