Достапни линкови

УСАИД го заврши проектот за подобрување на образованието


Американскиот амбасадор Пол Волерс најави учество на американската влада и во други образовни проекти, особено во делот на подобрувањето на работната подготвеност на младите луѓе и на интеретничката интеграција во образованието.

УСАИД го заокружи шестгoдишниот проект за подобрување на квалитетот на македонското образование преку инвестирање во подобрена настава, подобрени училишта и подобрени вештини кај учениците, со крајна цел тие да одговорат подобро на пазарот на трудот во замјава.
Се гордеам со тоа што мисијата на САД овде во Скопје преку УСАИД работеше со сите основни училишта во Македонија со цел да обезбеди подобра училишна средина за учениците, професионален развој на наставниците и посилни менаџерски капацитети за училиштата.
Пол Волерс, амбасадор на САД.

Панче Кралев, министер за образование.
Панче Кралев, министер за образование.
„Се гордеам со тоа што мисијата на САД овде во Скопје преку УСАИД работеше со сите основни училишта во Македонија со цел да обезбеди подобра училишна средина за учениците, професионален развој на наставниците и посилни менаџерски капацитети за училиштата“, изјави американскиот амбасадор во Скопје, Пол Волерс, по повод завршувањето на проектот, кој, како што појасни, го разбира образованието како основа на целокупниот развој на општеството и најави учество на американската влада и во други образовни проекти особено во делот на подобрувањето на работната подготвеност на младите луѓе и на интеретничката интеграција во образованието.

Шестгодишниот проект е имплементиран во делот на реновирање на училишта, унапредување на наставата по математика и природни науки, унапредување на оценувањето и развој на работната сила. Во рамките на шестгодишниот период, УСАИД соработувала со над 400 училишта, обучени се над 17.000 наставници, реновирани се 130 училишта, а обезбедена е и опрема за сите основни училишта во Македонија.

Соработката со УСАИД ја оцени за исклучително важна и македонскиот министер за образование, Панче Кралев, којшто оцени дека со проектот е направен исчекор во подобрувањето на квалитетот на образовниот процес, а со тоа, како што рече, е создадена и основа за подобрен општествен развој.

„Партнерството со Проектот на УСАИД за основно образование за нас беше важно, зашто една од стратешките определби врзани за развојот на Република Македонија е подигање на квалитетот на образованието во нашата држава“, изјави Кралев.

Засилени активности во областа на образованието УСАИД најавува веќе од март годинава.
XS
SM
MD
LG