Нецела година по промотивните концерти во Лион - Франција и во Софија, соседна Бугарија, БАЦЕ КВАРТЕТ својата актуелна дискографска објава - „Без прозор“ ќе и ја претстават и на скопската публика. Се работи за остварување кое треба да ја продолжи започнатата успешна сторија на интернационалниот состав во кој од пред повеќе од половина деценија членуваат врвните инструменталисти како нашиот Александар Петров на тапан, Васил Хаџиманов на пијано, виртуозот на кавал Теодосиј Спасов и либанскиот перкусионист Башар Калифе.
Тие, вкрстувајќи го балканскиот фолклор, влијанијата од источната музика и џезот, зад себе досега имаа една објава снимена на иницијалниот концерт во Куршумли ан, а „Без прозор“ е следбеникот на деби изданието со кое овие музичари веќе атакуваат на европските сцени. Материјалот за него главно беше снимен летото 2008 година на концертот во Салон 19,19 и во студиото Чикен меднес од Бојан Угриновски, а потоа завршниот микс Петров го направи во Париз – Франција.
„Многу работи јас како автор сакам да кажам преку тој наслов. Пред се, нема граници во музиката, значи непостоење на прозор е прегледност и отвореност кон многу нешта. За разлика од првиот албум, овој албум повеќе носи во себе етно-елементи, кои се на некој начин поделени – кога е етно или фолклорно е етно и фолклорно, а кога е џез или фјужн или што било е џез“, објаснува Александар Петров.
Интересно е што како гости на „Без прозор“ се појавуваат уште неколкумина докажани инструменталисти, како босанскиот пијанист Бојан Зулфикарпашиќ, австрискиот басист Петер Херберт и виолинистот Газменд Бериша.
„Бојан Зулфикарпашиќ направи еден проект кој се вика ЕКСПАТРИОТИ, не собра сите Балканци излезени од југословенските простори и кои живеат на запад. После таа соработка, му велам ајде сега ти биди ми гостин на мојот албум. Со Питер соработуваме во групата на Марсел Калифе, така што со него многу добро се знам“, вели Петров.
И на претстојниот концерт во клубот „Хавана“, покрај БАЦЕ КВАРТЕТ, во случајов без Калифе, на сцената ќе се најдат уште двајца проверени музичари – Ѓорѓи Шарески на гитара и Сале Икономов на бас.
„Со нив често соработувам и работам и затоа е таа соработка, бидејќи има една повратна енергија којашто е многу важна, во случајов да подбутне од позади, да поткрене малку“, вели Петров.
Конечно, по овој настап составот е планирано да свири во Пловдив и во Софија, па Петров заминува на турнеја во САД, за да некаде до крајот на 2012 година, тој сними албум со свои композиции во формација на трио со Васил Хаџиманов зад пијаното и американскиот контрабасист Марк Елајас.
За разлика од првиот албум, овој албум повеќе носи во себе етно-елементи, кои се на некој начин поделени – кога е етно или фолклорно е етно и фолклорно, а кога е џез или фјужн или што било е џез.Александар Петров, музичар.
Тие, вкрстувајќи го балканскиот фолклор, влијанијата од источната музика и џезот, зад себе досега имаа една објава снимена на иницијалниот концерт во Куршумли ан, а „Без прозор“ е следбеникот на деби изданието со кое овие музичари веќе атакуваат на европските сцени. Материјалот за него главно беше снимен летото 2008 година на концертот во Салон 19,19 и во студиото Чикен меднес од Бојан Угриновски, а потоа завршниот микс Петров го направи во Париз – Франција.
Бојан Зулфикарпашиќ направи еден проект кој се вика ЕКСПАТРИОТИ, не собра сите Балканци излезени од југословенските простори и кои живеат на запад. После таа соработка, му велам ајде сега ти биди ми гостин на мојот албум. Со Питер соработуваме во групата на Марсел Калифе, така што со него многу добро се знам.Александар Петров, музичар.