Скопскиот џез фестивал неодамна беше одликуван од Претседателот Ѓорѓе Иванов со Повелба на Република Македонија за исклучителни резултати во тридецениското организирање на оваа врвна меѓународна музичко-сценска манифестација и за презентација на македонското и светското музичко творештво. На доделувањето рековте дека многу интимно сте го примиле ова признание. Што конкретно подразбира тоа?
Јас навистина многу интимно и емотивно ја примив Повелбата за заслуги од претседателот Ѓорге Иванов од неколку причини. Сепак, годинава Џез-фестивалот заокружи 30 години, што не се малку. Во овие 30 години, Фестивалот и немаше некои други награди и признанија од типот на 13 Ноември, на Град Скопје итн., меѓутоа ова е сепак малку посебна награда затоа што таа е вклопена во многу јасен законски акт, доаѓа навистина од највиско можно ниво, тоа значи дека наградата останува и кога хипотетички Иванов нема да биде претседател. Тоа е едно исклучително признание кое од страна на претседателот е многу искрено, затоа што тој, не само што доаѓаше на Фестивалот, туку и се интересираше што се случува околу него, а ние организаторите на манифестации од културата знаеме дека не е лесно, дека поминуваме многу сцили и харибди за да дојдеме до она што сме го замислиле и навистина ни е потребно некој да не погали, така да кажам, по рамото. Тоа, сепак, дава еден мотив да се издржи понатаму.
Ако СЏФ е еден од најпрепознатливите наши културни брендови, не само во регионов туку и во светот, тогаш дали е тоа заслуга на ентузијазмот на Оливер Белопета и неколкумина ентузијасти околу него или во целата успешна приказна не мала е улогата и на државата, Република Македонија?
Се разбира дека не е само ентузијазмот, тука е и издржливоста, волјата, потребни се и некои други елементи, огромна работа, но во секој случај зад оваа успешна приказна не е мала улогата и на државата од која никој и никогаш не сме во доволна мера задоволни, затоа што, сепак, во најголем процент трошоците на организацијата на овој фестивал се покриваат од самата држава, од ресорното Министерството за култура и тоа апсолутно во континуитет без оглед која влада е во моментот. Во последниве неколку години има и една помалку симболична би рекол поддршка и од Градот Скопје, но исто така многу искрена, бидејќи практично локалната самоуправа дури последниве години, по децентрализацијата, доби свој, да кажам, ангажман и во културата, значи да може да работи и да финансира и да гради култура од некаков локален карактер. Така што, во секој случај, без помошта од државата, ниту еден ентузијазам, волја, работливост, насекаде во Европа, кај сите џез-фестивали, нема да биде доволна за да се направи еден ваков успешен џез-фестивал.
Едни луѓе доаѓаа на власт, други заминуваа. Претпоставувам дека и од едната и од другата страна имаше притисоци и вие лично да се инволвирате во политиката. Сепак, Оливер Белопета остана надвор од тој котел. Колку вештина беше потребно за да го сочувате сопствениот интегритет на човек од културата и ништо повеќе и помалку од тоа?
Не можам да кажам дека имало притисоци лично да се инволвирам во политиката, но имаше два обиди што без размислување инстантно ги одбив. Вие може да се согласувате со програмските определби на сите партии, но практикувањето на политиката и на тие програми е нешто сосема друго и кога веќе човек се определил да работи нешто надвор од политиката во оваа држава, навистина нема потреба да влегува во политика, освен ако самиот не е погоден од некакви идеолошки причини, што јас навистина не сум и никогаш не сум размислувал. Во крајна линија, таквата дистанца од политиката, истовремено со позитивно делување и позитивни резултати за земјата, за државата, на крајот резултираат со тој личен интегритет што го споменувате, кој сум годр што сум го сочувал.
Ова не значи дека не користите прилика секогаш јасно да го кажете своето мислење за сето она што ви пречи, што ја нагрдува сликата за Република Македонија како нормална, здрава, европска средина за живеење. Каде грешиме?
Имало многу работи што ми пречеле и ми пречат во континуитет од 1991 година наваму. Мислам дека има уште многу што да направиме за да стигнеме до една нормална, здрава и европска средина за живеење, како што велите. Грешиме во многу работи, доцниме со многу реформи, доцниме со здружувањето во евро-атлантските интеграции, но и без тоа здружување и приближување имаме уште многу нешта што треба самите да ги направиме за да заслужиме да стигнеме таму.
Добар дел од граѓаните, Скопје го доживуваат и како Дизниленд. Како човек кој живее во центарот на градот што е она што вам првично ви боде очи? Во што се претвора метрополата – град држава, големо село, место без идентитет?
Тешко ми е да кажам во што се претвора Скопје. Во секој случај, Скопје, и со се ова што се гради во него, ќе го сочува својот идентитет, лик, без оглед што ликот драматично се менува, особено во оној дел, во самиот центар. Има многу работи кои предолго чекавме да се изградат и за кои премалку се зборува како позитивни работи што се направиле. Еве конечно се реновира еден од двата запуштени базени, се направи спортската сала Борис Трајковски, имаме некои нови булевари и тн., меѓутоа мене лично, центарот апсолутно ми е презадушен со споменици, скулптури и тн., а притоа се уште не е поставено се што е замислено. Мислам дека ќе дојде време кога сето тоа ќе се преиспита и дека дел од тоа што сега се става ќе биде во некоја иднина дислоцирано, затоа што, знаете како, сите ние сме доволно прошетани во светот, луѓето во државната администрација или во власта, кои ги носат круцијалните одлуки за такво нешто, исто така често патуваат во странство, во најголемите градови во светот, па може да видат дека постои едно правило дека за секој споменик или некаква скулптура мора да има еден бришан празен простор за тоа да дише. Не навлегуваме сега во самата оценка на уметничкиот квалитет на самиот споменик. На пример, она што во строгиот центар ми пречи, а допрва доаѓаат новите споменици, што сите се збиени едно до друго и апсолутно нема човек што не смета дека местото на Цар Самоил не му е таму, местото дури и на Ченто не му е таму. Не се претвора Скопје инаку во град-држава. Тоа е релативно нормален процес кај сите метрополи, односно главни градови на држави каде што е лоцирана државната администрација и тој проблем, помалку или повеќе го имаат скоро сите големи главни градови во светот. Она на што кај нас треба повеќе да се работи е се повеќе да се дислоцираат сите квалитетни случување на живеењето низ целата земја во сите помали градови, па дури и во мали градчиња, нешто по углед на пример на Словенија. Ние многу доцна извршивме децентрализација и таа дури уште не е докрај спроведена, особено во фискалниот дел, ја оптоваруваат многу проблеми, можеби во догледно време ќе треба да се намали бројот на општини, за општините да можат финансиски самите да издржат. Мислам дека е потребна и уште една уште позначајна дислокација на културните настани, не да ги нема, знаеме дека има многу културни настани во земјата, но јас тоа постојано го зборувам, дури и од аспект на џез-музиката или од аспект на Скопскиот џез-фестивал, во Македонија се потребни, апсолутно се потребни уште 7-8 џез-фестивали, кои не мора да бидат големи како Скопскиот џез-фестивал и за кои сум убеден дека со една мала стартна помош од државата ќе може да се направат.
Скопје џез фестивал, Оф-фест и изданијата што ги потпишувате (некаде 30-тина досега) се силна брана пред зачестените атаци на кичот и шундот од Север и од Исток. Како против оваа појава која посилно отколку што сме свесни, ни ги загрозува и идентитетот и јазикот, нашата самобитност? Кој треба да повлече чекор – медиумите, државата?
Се разбира дека за тој кич и шунд пред се е виновна една криза во стандардот на живеењето, една состојба на бесконечна транзиција што ја чувствуваат младите, голем процент на невработеност, сето тоа влијае, но сигурно дека државата може да направи, и тоа не на рестриктивен начин, има многу свои полуги кои може да ги повлече за да го намали тој ефект, а државата мора да воспостави и некој свој однос со медиумите бидејќи од аспект на музичкиот кич и шунд нема никакви дилеми дека медиумите, пред се телевизиските медиуми, се главни виновници за популарноста и главни стимулатори на популарноста што овој кич и шунд или турбо-фолк го има кај нас. Нема никаква дилема дека токму телевизиските медиуми, не толку радиските или печатените, се толку влијателни во креирањето на вкусовите на публиката. Тоа значи дека тие медиуми, во тој дел, особено музичкиот, ќе мора да се доведат или некој да ги доведе во некаков ред.
И, конечно трите децении и признанијата се голема обврска за СЏФ. Како натаму? Кого го пожелувате во Скопје како ваш неотсонуван музички сон?
Она што јас натаму го посакувам на Скопскиот џез-фестивал и го имам како неотсонуван сон е конечно ние како главен град да добиеме една нормална инфраструктура за вакви настани. Знаете, поминаа 30 години џез-фестивал, кој практично се одржува во една скапана Универзална сала или не баш за вакви работи најприкладна сала, како што е онаа на Македонската опера и балет. Ние засега значи немаме концертна сала. Не сум сигурен дека ќе ја добиеме со салата на филхармонијата за која се плашам дека ќе има можеби малку премал капацитет. Навистина на Скопје му треба една сала со капацитетот на Универзална сала за поголем број вакви настани и тука има единствено решение кое е веќе најавено дека ќе се случи, а подготвено од аспект на архитектонски проект и тн., тука најбрзо можно решение е реновирање на Универзалната сала, се разбира завршување на Македонската филхармонија за потребите на театрите, бидејќи знаеме во каква состојба се и овие два-три театри кои ги имаме во градот. Еве најавен е новиот театар дека ќе биде пуштен наредната година. Тоа е еден мој сон, затоа што, знаете, пак ќе кажам, на 30 години нам ни се случи и Пет Метини и Вејн Шортер и Чарлс Лојд да настапуваат во услови какви што нема во речиси ниеден главен град на европска држава, лоши услови. Значи првиот мој сон не е од програмски карактер, туку од инфраструктурен. Многу време поминува, а што се однесува дали имам некој неотсонуван сон од програмски аспект, имаше годинава неколку имиња кои беа дел од тој сон. Сега вака кога размислуваме можеби има уште неколку останати кои не сум сигурен дека ќе успееме да ги реализираме, на пример Кит Џерет, кој бара совршена сала, совршени пијана и тн., можеби Сони Ролинс, но интересно е тоа што кога ќе се земе целата историја на фестивалот има уште многу малку останато такви сонови.
Мене лично, центарот апсолутно ми е презадушен со споменици, скулптури и тн., а притоа се уште не е поставено се што е замислено. Мислам дека ќе дојде време кога сето тоа ќе се преиспита и дека дел од тоа што сега се става ќе биде во некоја иднина дислоцирано. Затоа што, знаете како, сите ние сме доволно прошетани во светот, луѓето во државната администрација или во власта, кои ги носат круцијалните одлуки за такво нешто, исто така често патуваат во странство, во најголемите градови во светот, па може да видат дека постои едно правило дека за секој споменик или некаква скулптура мора да има еден бришан празен простор за тоа да дише.Оливер Белопета, директор на Скопскиот џез-фестивал.