Невработените од денеска повторно се пререгистираат за сини картони. За само пет месеци ова е втора пререгистрација. За разлика од минатиот пат кога пред Фондот за здравствено осигурување имаше турканици и метеж, на првиот ден од новата пререгисрација, нема толку луѓе. На оние кои ние ги затекнавме, не им беше баш јасно зошто мора повторно да се регистрираат и зошто пак да даваат пари за изводи, државјанство и копии за документи за да го направат истото она што го сториле пред 5 месеци.
Оние кои се пререгистрирале минатиот пат, сега треба да достават само изјава за годишниот приход и здравствената легитимација на увид. Новите невработени, пак, ќе треба да достават куп документи.
„Минатата година се правеше пререгистрација, сега пак оваа година, а дали човек може да чека, еве сум со болен бубрег не можам да стојам во редот.“
„Два месеци социјално немаме, некој е зависен од социјално, а никого не го интересира. Државата не ја интересира дали имаш да јадеш или немаш и дали имаш пари за тие документи.“
„Не донеле белешки дека има деца над 18 години, па ги носев документите на обработка, па ми рекоа да дојдам тука да ги поднесам“, велат граѓаните што ги анкетиравме пред Фондот за здравствено осигурување во Скопје.
Новата пререгистрација уследи откако Министерството за финансии го намали годишниот лимит по семејство, со кој невработените се ослободуваат од плаќање за да добијат сини картони. Така, наместо 132 илјади денари, годишниот лимит е намален на 96.600 денари.
Невработените кои по некој основ преку трансакциска сметка примиле повеќе од 96.600 денари годишно, односно приход повисок од 8.050 денари месечно, за сини картони ќе мора да плаќаат по 1.100 денари месечно. Оние, пак, кои имаат приходи повисоки од 183.546 денари, односно повеќе од 15.300 денари месечно, ќе треба да праќаат по 2.200 денари за картончиња.
Фондот за здравство го намали и процентот од плата што го добива осигуреникот доколку користи боледување подолго од 3 недели. Со одобрение на министерот за здравство, наместо 85 проценти, сите што од денеска ќе отворат боледување подолго од 21 ден, од Фондот ќе добијат само 70 проценти од својата плата.
Дека Фондот е во криза се согласија и пратениците на собраниската дебата за состојбите во здравството. Според нивните информации, сега долгот изнесува милијарда и 400 милиони денари, односно околу 23 милиони евра.
Земаат од секаде по малку, но со тоа не може да се решат проблемите на Фондот, вели поранешниот директор на ФЗО, Никола Пановски.
„Прво беше грешка да имаме најмал процент на придонес во опкружувањето, да не речам во Европа. На здравство кое диши на шкрги се намалија продонесите, второ е превработеност на немедицински кадар во здравството, тука е другото место кај што може да се штеди, а да не биде на штета на пациентите, друго јас не гледам кај што може да штеди. Инaку многу капацитет за штедење нема.“
Невработените треба да се пререгистрираат до крајот на март.
Два месеци социјално немаме, некој е зависен од социјално, а никого не го интересира. Државата не ја интересира дали имаш да јадеш или немаш и дали имаш пари за тие документи.Анкетиран граѓанин.
„Минатата година се правеше пререгистрација, сега пак оваа година, а дали човек може да чека, еве сум со болен бубрег не можам да стојам во редот.“
„Два месеци социјално немаме, некој е зависен од социјално, а никого не го интересира. Државата не ја интересира дали имаш да јадеш или немаш и дали имаш пари за тие документи.“
Прво беше грешка да имаме најмал процент на придонес во опкружувањето, да не речам во Европа. На здравство кое диши на шкрги се намалија продонесите, второ е превработеност на немедицински кадар во здравството, тука е другото место кај што може да се штеди, а да не биде на штета на пациентите, друго јас не гледам кај што може да штеди. Ианку многу капацитет за штедење нема.Никола Пановски, поранешен директор на Фондот за здравствено осигурување.