Достапни линкови

И натаму метеж пред ФЗО


Доколку не се пререгистрираат, сите невработени лица ќе останат без сини картони и ќе мора да си ги плаќаат здравствените услуги.
Доколку не се пререгистрираат, сите невработени лица ќе останат без сини картони и ќе мора да си ги плаќаат здравствените услуги.

Стотици граѓани и натаму со часови чекаат пред подрачната единица на Фондот за здравствено осигурување во Скопје.

Тие се жалат на мачната процедура на поднесувањето на потребните документи со која треба да се изврши нивна прегистрација. Околу 250
Катастрофа, од сабајле од пет часот чекам.
илјади невработени лица имаат рок до 1 септември да ја завршат законската обврска доколку сакаат да добијат сини картони. И покрај тоа што Фондот го продолжи работното време на шалтерските службеници од 7:30 до 18:30 часот се уште има гужва пред влезот на зградата.

„Ќе чекаш и ќе те викнат навечер во 18:30 часот, а од сабајле од 6 часот отвараат, а во 18:30 дури ќе те викнат. Ужасно на ова пеколно сонце цел ден чекаме.“

„Катастрофа, од сабајле од пет часот чекам.“
Да дојдеш да те запишат, па ќе чекаш бројче да земеш, па додека дојдеш на ред, вечер не знам дали ќе завршиме работа.

„Ова е ужасна работа, со часови чекам.“

„За бројче чекам, запишаа таму. Жена падна во несвест.“

Граѓаните велат дека Фондот можел да најде друго решение со кое би им се скратиле маките.

„Да дојдеш да те запишат, па ќе чекаш бројче да земеш, па додека дојдеш на ред, вечер не знам дали ќе завршиме работа.“

Битка за сини картони!
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:50 0:00


„Срамота ова што го прават. Место некој ред се се создаде по општините, ова се полошо. Катастрофа.“
Срамота ова што го прават. Место некој ред се се создаде по општините, ова се полошо. Катастрофа.

Полицијата се обидуваше да воспостави ред меѓу изреволтираните и нервозни граѓани.

„Назад, сите назад.“

Сите невработени лица, доколку не извршат пререгистрација во наредните дваестина дена ќе останат без сини картони, односно ќе мора да си ги плаќаат здравствените услуги.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG