Достапни линкови

Судството ги става граѓаните на маки


Народниот правобранител констатирал повеќе случаи на повреда на човековите права во 2011 во однос на 2010 година. Граѓаните најмногу се жалат на судството.

Во земјава во текот на 2011 година продолжува зголемувањето на приливот на граѓани кои бараат заштита од институцијата Народен правобранител и во споредба со минатата година има раст од 5 проценти.
И понатаму најголем број на преставки на граѓаните се однесуваат на судската власт, а веќе втора година по ред на второ место го заземаат граѓанските права.
Иџет Мемети, Народен правобранител.

Во однос на претходната година, бројот на предмети во кои има констатација дека има повредите на човековите права е зголемен за околу 10 отсто. Ова се некои од тенденциите во годишниот извештај на којшто оваа институција овој период забрзано работи, а до крајот на март треба да биде доставен до Парламентот.
Народниот правовбранител Иџет Мемети.
Народниот правовбранител Иџет Мемети.

„Слободно можам да ве информирам дека и понатаму најголем број на преставки на граѓаните се однесуваат на судската власт, а веќе втора година по ред на второ место го заземаат граѓанските права“, изјави народниот правобранител Иџет Мемети кој е гостин во неделното интервју на Слободна Европа.
Да се направи вистинска реформа која ќе овозможи самостојност и независност на јавното обвинителство, самостојност и независност на судовите, постоење на независни контролни механизми кои ќе можат да реагираат во случаите на злоупотреба на правото од страна на државата.
Мирјана Најчевска, универзитетски професор.
..

Според неговите зборови, граѓаните во делот на судската власт се жалат дека затајува ефикасноста, но и дека исто така се прифаќаат препораките на правобранителот. Останатите претставки во најголем дел се однесуваат на пресуди со кои граѓаните не се задоволни.

Една од препораките на ЕУ се однесува токму на судењето во разумен рок. Во министерството за правда велат дека од минатата година во Врховниот суд функционира одделение каде граѓаните може да поднесуваат жалби поради повреда на ова нивно право и дека исто така е донесен и закон кој треба да ја подобри ажурноста на судството.

Експертите оценуваат дека е потребна вистинска реформа. Сите извештаи што во последно време ги добиваме и однадвор и одвнатре и сите анализи укажуваат на еден системски проблем и тоа проблем на остварувањето на системот на правдата, оценува професор Мирјана Најчевска.

„Да се направи вистинска реформа која ќе овозможи самостојност и независност на јавното обвинителство, самостојност и независност на судовите, постоење на независни контролни механизми кои ќе можат да реагираат во случаите на злоупотреба на правото од страна на државата.“

Според нејзините зборови се она што се однесува на слодата на говорот и демократските процедури и се она што е поврзано со судовите и правосудните процедури укажуваат на намалување на можноста граѓаните да ги заштитат своите права во системот.

Овој период својот годишен глобален извештај го обајви организацијата Фридом Хаус. Во извештајот, во кој се даваат оценки за политичките права и граѓанските слободи, меѓу западнобалканските земји, Македонија заедно со Босна и Херцеговина и Косово е означена како делумно слободни држави, а Србија, Хрватска и Црна Гора се означени како „слободни“ држави. Фридом Хаус предупредува дека 2011-та е шеста година по ред во која на глобално ниво побројни се земјите во кои има намалување на степенот на слободите од оние во кои тој расте.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG