Успешните резултати на македонските каратисти на меѓународната сцена, продолжуваат и во 2012-та година, а најновиот подвиг е дело на Жарко Арсовски. Тој изминатиот викенд освои златен медал на првиот турнир од годинашната Премиер лига, Париз Опен.
Станува збор за најсилниот турнир во ова натпреварување, за што потврда е и учеството на дури 70 каратисти во неговата категорија над 84 килограми. Во ваква конкуренција Жарко до златниот медал дојде дури по 6 победи, а во полуфиналето и во финалето ги совлада повеќекратните светски и европски шампиони, Германецот Енрико Хоехне и Италијанецот Стефани Мунисалко.
Со тоа на најдобар можен начин потврди дека во моментов е во самиот светски врв од најсилната категорија во каратето, иако тој пред турнирот во градот на светлината не очекувал да се најде на победничкиот подиум.
„Во принцип јас никогаш не очекувам медал. Тоа ми е како некоја екстра плус мотивација за да го дадам мојот максимум во борбите, да не се опуштам. Така да
и на овој турнир не очекував ништо. Но, ете ми се насмевна среќата, ме посака среќата, ми помогна и Господ, и така, некако борба по борба се мотивирав и го освоив златото“, изјави Арсовски.
Тој како најзначаен резултат во својата досегашна кариера го издвојува третото место, освоено на Светското првенство во Белград, пред две години.
Покрај ова повеќекратниот македонски шампион изминатите 3-4 години беше и медитерански првак, а освои и злато на европското и бронза на светското универзитетско првенство. Сето тоа говори дека од членот на карате клубот „Макпетрол“ и во иднина може да се очекуваат врвни резултати, а негова цел за оваа година се златните медали на Европскиот и на Светскиот шампионат.
„Во последно време се стремиме сите кон златото на Европско и на Светско првенство. Тие се нашите цели, тренираме за да станеме шампиони. Значи, оваа година имаме Европско и Светско првенство. Да се надеваме на некој успех, но, сепак, нели да не збориме пред рака, да видиме што ќе покаже времето. Јас сум секогаш подготвен, во кое било време јас секогаш тренирам по два пати на ден и едвај чекам да дојдат претстојните натпревари“, додаде Жарко Арсовски.
Инаку, на турнирот во главниот град на Франција забележителен настап имаше и во последните три години најдобрата македонска спортистка, Наташа Илиевска. Таа во категоријата до 55 килограми го освои бронзениот медал.
Во принцип јас никогаш не очекувам медал. Тоа ми е како некоја екстра плус мотивација за да го дадам мојот максимум во борбите, да не се опуштам. Така да и на овој турнир не очекував ништо. Но, ете ми се насмевна среќата.Жарко Арсовски, каратист
Станува збор за најсилниот турнир во ова натпреварување, за што потврда е и учеството на дури 70 каратисти во неговата категорија над 84 килограми. Во ваква конкуренција Жарко до златниот медал дојде дури по 6 победи, а во полуфиналето и во финалето ги совлада повеќекратните светски и европски шампиони, Германецот Енрико Хоехне и Италијанецот Стефани Мунисалко.
Со тоа на најдобар можен начин потврди дека во моментов е во самиот светски врв од најсилната категорија во каратето, иако тој пред турнирот во градот на светлината не очекувал да се најде на победничкиот подиум.
„Во принцип јас никогаш не очекувам медал. Тоа ми е како некоја екстра плус мотивација за да го дадам мојот максимум во борбите, да не се опуштам. Така да
Во последно време се стремиме сите кон златото на Европско и на Светско првенство. Тие се нашите цели, тренираме за да станеме шампиони. Значи, оваа година имаме Европско и Светско првенство. Да се надеваме на некој успех, но, сепак, нели да не збориме пред рака, да видиме што ќе покаже времето.Жарко Арсовски, каратист.