Нашата најдобра спортистка во последните две години, Наташа Илиевска изминатиот викенд го постигна најголемиот успех во историјата на македонското карате. Таа се закити со златниот медал во категоријата до 55 килограми, на Европското првенство во Цирих (Швајцарија), каде што извојува пет победи, од кои три над поранешни европски шампионки и носителки на светски медали. Првата голема пречка беше Вишновска од Словачка, за во четвртфиналето да ја совлада светската вицешампионка, Кардин од Италија. Во наредната рунда ја победи азербејџанката Фараџли, па мечот за златото беше реприза на Еуро во Загреб од пред две години. Тогаш, членката на Металург загуби од бронзената на ланскиот Мундијал, Хрватката Јелена Ковачевиќ, која и сега беше фаворит, поради што:
„Чувствував голема тензија, меѓутоа бев позитивно мотивирана, иако досега ја немам победено оваа противничка, и советите од тренерите и советите и позитивната енергија од целата репрезентација, мислам дека во вистинското време успеав да ја искористам целата таа позитивна енергија и да ја совладам Јелена во борбата“, изјави Илиевска.
Годинава таа имаше забележителни настапи и на турнирите од Златната и Премиер лига. На нив освои многу бодови, кои дополнети со европското злато ја искачија на првото место на светската ранг листа за 2011-та. Тоа ја прави уште посреќна.
„Бидејќи го доживеав и тоа да бидам првата на Светската карате ранг-листа што навистина за мене можеби е, не побитно, но исто толку важно колку и ова остварување што го направив на европско ниво.“
Кратовчанката, во чија колекција на медали, покрај европското злато и сребро, највредна е бронзата од Олимпијадата во боречки вештини.Благодарение на овие успеси, таа е стипендист на Агенцијата за млади и спорт, а за последниот подвиг е наградена и со националното признание спортска пензија, што е прв случај во македонското карате. Ова говори дека Илиевска го допре врвот, што не значи дека повеќе нема мотиви за нови успеси.
„Пресреќна сум, во облаци сум, го достигнав врвот на секој спортист. Нема да прекинам, веќе се раѓаат и нови амбиции, би сакала и од Светското првенство идната година да се закитам со медал, така што продолжувам и понатаму со истото темпо и се надевам дека и натаму ќе нижам успеси за Македонија“, истакна на крајот првата каратистка во чија чест, на едно Европско првенство, се свирела македонската химна.
Чувствував голема тензија, меѓутоа бев позитивно мотивирана[...] мислам дека во вистинското време успеав да ја искористам целата таа позитивна енергија и да ја совладам Јелена во борбата.
„Чувствував голема тензија, меѓутоа бев позитивно мотивирана, иако досега ја немам победено оваа противничка, и советите од тренерите и советите и позитивната енергија од целата репрезентација, мислам дека во вистинското време успеав да ја искористам целата таа позитивна енергија и да ја совладам Јелена во борбата“, изјави Илиевска.
Годинава таа имаше забележителни настапи и на турнирите од Златната и Премиер лига. На нив освои многу бодови, кои дополнети со европското злато ја искачија на првото место на светската ранг листа за 2011-та. Тоа ја прави уште посреќна.
„Бидејќи го доживеав и тоа да бидам првата на Светската карате ранг-листа што навистина за мене можеби е, не побитно, но исто толку важно колку и ова остварување што го направив на европско ниво.“
Кратовчанката, во чија колекција на медали, покрај европското злато и сребро, највредна е бронзата од Олимпијадата во боречки вештини.
Пресреќна сум, во облаци сум, го достигнав врвот на секој спортист. Нема да прекинам, веќе се раѓаат и нови амбиции.