Достапни линкови

Бронза на ЕП во карате


Каратисти
Каратисти

Серијата успеси на меѓународната сцена, македонските каратисти ја продолжија и на ЕП, кое минатата недела се одржа во Грција. Таму нашите репрезентативци уште еднаш потврдија дека се дел од европската елита, а највредниот резултат го постигна Огнен Груевски, кој освои бронзен медал во категоријата до 84 килограми

Со тоа Македонија стигна до шестиот трофеј од собирите на најдобрите каратисти на Стариот континент, а Груевски конечно го разби малерот и го направи долгоочекуваниот последен чекор за искачување на едно од скалилата на победничкиот пиедестал.

„Повеќе години го ,,бркам" овој медал, но се за малку ми бегаше. Така што напорно се подготвував неколку месеци по ред, имавме силни подготовки, се откажав од се и напорно работевме и еве дојде резултатот и сега ми е исполнето срцето бидејќи за еден каратист е важно да освои едно Европско или Светско првенство, што цел живот ќе го памтиш.“
Сега ми е исполнето срцето бидејќи за еден каратист е важно да освои едно Европско или Светско првенство, што цел живот ќе го памтиш.


Тој на шампионатот не им препушти ниту еден поен на своите противници. За жал тоа не му донесе победа и против Швеѓанецот Петерсон, кој мечот од четвртото коло го доби благодарение на судиското изјаснување. Во другите дуели Огнен не дозволи слична ситуација, па еден по еден ги елимираше Азербејџанецот Атајев, Французинот Сиусаран и Белгиецот Пилесот, за во пресметката за бронзата со минимални 1-0 да го совлада и Гркот Пападопулос. Груевски не крие дека таа победа му е посебно драга, но и истакнува дека на татамито се било во рамките на спортската борба и фер плејот.

„Ние не гладаме политички, сепак заедно сме вежбале повеќе време, на секој турнир сме заедно, сепак сме настроени другарски и никој не пререкол дали сме од Македонија или од Грција, беше фер и фер го призна на крај поразот.“

Додаде каратистот на Металург, од кого во иднина, нормално ќе се очекуваат слични, па и поголеми успеси. Тој е свесен за тоа, и уверува дека ќе продолжи во ист стил, а првата наредна цел му е медал од Мундијалот во Нови Сад.
XS
SM
MD
LG