Ова станува се поизвесно по нејзината нова серија импресивни резултати, крунисани со освоениот бронзен медал на првите Светски игри на боречки спортови, минатиот месец во Пекинг. Членката на скопскиот карате клуб Макпетрол, досега има освоено и посјајни одличја, но овој од Кина го смета за врв на досегашната кариера.
„За да се биде дел од оваа манифестација мораше претходно да се биде успешен. Со сите мои претходни успеси од 2008 и 2009 година практично успеав да заземам висока позиција на светската карате ранг листа, бев второпласирана и тоа ми овозможи да настапам на оваа манифестација, бев поканета меѓу другите најдобри осум во светот, така што самото тоа зборува колку е голем овој настан и колку е голем резултатот што го постигнав.“
Нејзината жетва на медали продолжи и минатиот викенд, кога се закити со злато во категоријата до 55 килограми на еден од најсилните турнири во Југоисточна Европа, Белградскиот победник. Со тоа, таа уште еднаш потврди дека поединечните спортови кај нас се многу поуспешни од екипните. Тоа е резултат на повеќе причини, од кои, според неа, најзначајно е што поединецот сам одлучува за својата судбина, како и работата со посветени и квалитетни тренери, како што е во случајот со Наташа, Бошко Заборски. Сето ова, дополнето со неизбежното давање максимум на тренинзите и на натпреварите, најдобрата македонска каратистка на сите времиња, очекува да и донесе нови трофеи во иднина, а пред се на СП кое ќе се одржи на крајот од овој месец во Белград.
„Морам да признаам дека се што правев оваа година беше со една единствена цел, тоа што сега претстои, е светското првенство. Сметам дека сум максимално подготвена и навистина се надевам на успех, а тоа е медал.“
Илиевска, годинава се закити и со три меѓународни трофеи во екипна конкуренција борби, откако заедно со Наташа Стефановска, Моника Стефановска и Мери Радичевска освои сребрен медал на Медитеранското првенство, како и бронзи на Балканијадата и на минатонеделниот турнир во Србија.