Настапот на априлскиот ватерполо турнир за пласман на Олимписките игри го гарантираме, а во Холандија ќе дадеме се од себе за уште на крајот на овој месец да обезбедиме учество на најголемиот спортски настан во светот годинава. Со ваква амбициозна цел, македонската ватерполо репрезентација го очекува стартот на Европското првенство кое од 16-ти до 29-ти јануари ќе се одржи во Ајндховен. Таму покрај за трите медали, 12 репрезентации ќе се борат и за пласман до 9-тото место - за учество на квалификацискиот олимписки турнир во Канада, но и за првите пет позиции - за директен пласман на Олимпијадата во Лондон.
За остварување на таа цел прво ќе треба да се обезбеди шестото место, односно да се освои третата позиција во групата во која се и светскиот првак Италија, олимпискиот шампион Унгарија, како и селекциите на Грција, Турција и Холандија. Во нашиот национален тим веруваат дека имаат сили за таков подвиг, а селекторот Игор Гочанин изјавува:
„За некого тоа е преамбициозно, но тоа е нашата цел. Ќе атакуваме на третото место во групата за што ни се потребни три победи. Нашата шанса за таков успех ја гледам во средбите со Турција, Холандија и Грција. Знам дека ќе биде тешко, бидејќи на Европското првенство нема случајни учесници. Но, можам да кажам и дека сум оптимист. Имаме квалитетен состав, кој со
голема мотивација го чека стартот на Еуро. Во ваква ситуација не се сомневам дека и ангажманот во базенот ќе биде на највисоко ниво, по што резултатот нема да изостане“.
Големиот оптимизам е присутен и кај ватерполистите, кои се убедени дека ќе го постигнат најголемиот успех во историјата на македонското ватерполо. Имајќи ги предвид досегашните резултати, тоа ќе биде и учеството на квалификацискиот олимписки турнир. Сепак, на него барем во моментов ретко кој помислува, а според Игор Милановиќ прашањето е дали овој состав може преку Еуро да извади виза за Лондон.
„Да бидеме трети се многу, многу, многу големи шансите. За четврти не сакам ни да зборувам. Значи, ние тоа четврто место го гарантираме, а за третото ќе се бориме и ќе го дадеме својот максимум и ќе видиме до каде сме. Дали навистина вредиме да одиме директно на Олимпијада или уште сме за таа виза што ќе играме во Канада“, рече Милановиќ.
Инаку, покрај борбата за медалите на Еуро и за петте олимписки визи, шесте селекции кои ќе се пласираат на првите три позиции во двете групи, ќе обезбедат и директен пласман на наредното Светско и Европско првенство.
Преостанатите 6 репрезентации ќе играат за пласман од 7-мото до 12-тото место. За Македонија ова е трето учество на ЕП во низа по настапите во 2008 година во Малага (го освоивме 8-мото место) и во 2010 година во Загреб (12-ти).
За некого тоа е преамбициозно, но тоа е нашата цел. Ќе атакуваме на третото место во групата за што ни се потребни три победи. Нашата шанса за таков успех ја гледам во средбите со Турција, Холандија и Грција. Знам дека ќе биде тешко, бидејќи на Европското првенство нема случајни учесници. Но, можам да кажам и дека сум оптимист.Игор Гочанин,селектор на репрезентацијата.
За остварување на таа цел прво ќе треба да се обезбеди шестото место, односно да се освои третата позиција во групата во која се и светскиот првак Италија, олимпискиот шампион Унгарија, како и селекциите на Грција, Турција и Холандија. Во нашиот национален тим веруваат дека имаат сили за таков подвиг, а селекторот Игор Гочанин изјавува:
„За некого тоа е преамбициозно, но тоа е нашата цел. Ќе атакуваме на третото место во групата за што ни се потребни три победи. Нашата шанса за таков успех ја гледам во средбите со Турција, Холандија и Грција. Знам дека ќе биде тешко, бидејќи на Европското првенство нема случајни учесници. Но, можам да кажам и дека сум оптимист. Имаме квалитетен состав, кој со
Да бидеме трети се многу, многу, многу големи шансите. За четврти не сакам ни да зборувам. Значи, ние тоа четврто место го гарантираме, а за третото ќе се бориме и ќе го дадеме својот максимум и ќе видиме до каде сме.Игор Милановиќ, ватерполист.