Станува збор за нашиот најдобар ватерполист на сите времиња, кој пред пет години го возобнови овој спорт кај нас, со наговарањето на десетина играчи од Србија, Црна Гора и Хрватска, да земат македонско државјанство. Тоа ни донесе метеорски скок во меѓународни рамки и учество на две Европски и едно Светско првенство, каде што јавноста очекува да бидеме и во иднина. Новиот селектор е свесен за тоа и не бега од обврските. Но, за него во моментов приоритет е вклучувањето во националниот тим на повеќе, од само двајцата домашни ватерполисти, колку што имавме на септемврискиот евро собир во Хрватска. Поповски знае дека тоа нема да биде ни малку едноставно, но и е убеден дека:
„Се повеќе има млади македонски подготвени репрезентативци меѓутоа тие се 18, 19 години за некои силни утакмици каде што се одлучува дали ќе се квалификувате на Европско или не, можеби не, меѓутоа на светската лига, во текот на квалификациите секој од нив ќе ја зголемува својата минутажа и имаат добар потенцијал. Треба две до три години работа, за овие натпреварувачи станат тимци“, изјави Поповски.
Тој своето деби на селекторската клупа ќе го има утревечер во Белград против Србија во рамките на Светската лига, а во групата од ова натпреварување по два пати ќе се сретнеме и со Шпанија и со Германија. Станува збор за силни противници, против кои резултатот не е во преден план, а дуелите со нив треба да послужат за:
„За да ја подготвиме репрезентацијата за квалификациите за европско и баражот. Во таа светска лига ќе видиме кој од младиве играчи ќе се покажат како најдобри, за да можеме да ја оформиме репрезентацијата“, додаде Поповски.
Тој е голем оптимист кога се во прашање евро квалификациите, кои ќе стартуваат наредниот месец. Селекторот верува дека во групата со Шпанија и Белорусија, без поголем проблем ќе го освоиме барем второто место кое носи бараж за Еуро 2012-та, а во него:
„Многу ќе зависи од среќата, која репрезентација ќе ни се падне, меѓутоа се надевам дека ќе одиме повторно на Европско“, истакна на крајот селекторот на македонската ватерполо репрезентација, Сашко Поповски.
Се повеќе има млади македонски подготвени репрезентативци меѓутоа тие се 18, 19 години за некои силни утакмици каде што се одлучува дали ќе се квалификувате на Европско или не, можеби не, меѓутоа на светската лига, во текот на квалификациите секој од нив ќе ја зголемува својата минутажа и имаат добар потенцијал.