Достапни линкови

Ватерполистите на Еуро во Загреб


Македонската ватерполо репрезентација редовен учесник на врвните натпреварувања. Од крајот на месецов ќе биде дел од Европското првенство во Загреб.

Давањето државјанство на играчи од Хрватска, Србија и Црна Гора се покажа како исправен потег за развој на македонското ватерполо. Во спортот во кој до пред четири години немавме репрезентација сега сме редовни учесници на врвните натпреварувања, откако пред две години дебитиравме на Европскиот шампионат во Шпанија, лани на Светско првенство во Италија, а од 29-ти август до 11-ти септември
Ако ги извојуваме овие три победи ние сигурно би го обезбеделе 6 место, а тоа е најголем успех во историјата на македонскиот
спорт.
ќе бидеме дел од Еурото во главниот град на Хрватска, Загреб. Со овие настапи Македонија стана дел од високото друштво, но, што е уште позначајно, ватерполото се омасови и многу напредна, смета најзаслужниот за подемот, долгогодишниот репрезентативец Сашо Поповски. Тој своето мислење го поткрепува со оживувањето на неколку клубови и напредокот на Работнички, кој од идната сезона ќе се натпреварува во најквалитетната лига на Србија. Тоа покажува дека работите одат во посакуван правец, а за сликата да биде комплетна:
Сега само недостасува два-три македонски клубови кои би биле малку квалитетно поблиски до Работнички, да се оформи таа македонска лига која што веројатно ќе биде набрзо оформена


„Сега само недостасува два-три македонски клубови кои би биле малку квалитетно поблиски до Работнички, да се оформи таа македонска лига која што веројатно ќе биде набрзо оформена, каде што ќе имаме млади деца и ќе може да избереме повеќе играчи за сениорската репрезентација.“

Од натпреварот Холандија-Србија на Европското првенство во Белград во 2006 година

На негова иницијатива, квалитетни странски ватерполисти станаа членови на нашиот национален тим, во кого за настапот на Еуро во Загреб има само двајца домашни играчи. Поповски не крие дека очекувал на списокот на селекторот Нонковиќ да има барем уште двајца од десетината родени Македонци кои изминативе две години минаа низ А тимот. Сепак, тие не му се наметнаа на селекторот, кој се решил за поискусните ватерполисти и поради општото мислење дека со исклучок на светскиот првак Србија и силната Унгарија, можеме да се надигруваме со другите ривали од нашата група Б. Тоа најавува битка за нов историски успех, за чие остварување најзначаен ќе биде:

„Првиот натпревар со Русија. Ако се победи Русија екипата добива на сигурност и потоа ни следи еден натпревар со Грција којшто ќе биде војна, борба во текот на целиот меч, и третиот натпревар е со Германија. Со овие три екипи сме може да кажам 50-50, имаме големи шанси да извојуваме три победи. Ако ги извојуваме овие три победи ние сигурно би го обезбеделе 6 место, а тоа е најголем успех во историјата на македонскиот спорт. Мое мислење е дека имаме сили да направиме таков успех.“

XS
SM
MD
LG