Достапни линкови

Преглед на печат - Корупција, мизерија и НАТО


Корупцијата со Маѓар телеком, првото место на Македонија по индексот на мизерија, како и македонските напори за интегрирање во НАТО - топ теми во весниците оваа недела.

Старо-нова корупциска афера е на повидок во Македонија, судејќи според пишувањето на печатените медиуми: „Кои беа клучните луѓе кога Маѓар даваше поткуп“ - прашува во наслов Утрински, наведувајќи дека сигурно е дека сите имиња со кои деновиве шпекулира јавноста не биле учесници во аферата, па затоа е добро да излезе на виделина кои се луѓето што зеле милионски поткуп, но објавува фотографии на политичари и експерти кои биле на клучните места во Владата и во Управниот одбор на Телеком од 2006 година па наваму: Бучковски, Трпковски, Мехази, Бузлевски, Таки Фити, Борче Давитковски...
Стана традиција никој да не ги есапи ревизорските извештаи кои и за 2011 година откриваат милиони незаконски потрошени евра во министерства, општини, разни фондови и кај други буџетски корисници. Каква е користа од постоењето на Државната ревизорска комисија кога никој не сноси одговорност поради ова.
Нова Македонија..

Во исто време весникот наведува дека Македонија затвора очи за корупцијата, бидејќи е вџашувачки молкот на државата, обвинителството, партиите и на Антикрупциска за скандалот со Маѓар, односно со Дојче телеком.

Вечер ја носи истрагата во друга насока, па пишува дека Гркот Кефалијанис бил клучен играч во пералницата Телеком.

Нова Македонија во статија со голем наслов: „Никој не дава пет пари за незаконски потрошените милиони“ забележува дека станало традиција никој да не ги есапи ревизорските извештаи кои и за 2011 година откриваатмилиони незаконски потрошени
Индекс на мизерија според Економист
Индекс на мизерија според Економист
евра во министерства, општини, разни фондови и кај други буџетски корисници. Каква е користа од постоењето на Државната ревизорска комисија кога никој не сноси одговорност поради ова? - прашува весникот.

Вообичаено, различен третман наиде оценката на британски Економист за лидерската позиција на Македонија според индексот на сиромаштија:

Каде потона оптимизмот на Груевски кој спроти новогодишните празници ги убедуваше граѓаните дека во новата година Македонија многу посамоуверено ќе чекори по патот на интеграциите.
Утрински весник.
Утрински пишува дека Економист ги разбил илузиите за државава, а Дневник дека „Партиите се фатија за гуша за мизеријата“ и дека кај меѓународните институции постојат различни оценки за економската состојба во државава.

Преговорите за името повторно се во фокусот на јавноста: пред средбата во Њујорк закажана од посредникот Нимиц, сите весници информираат за координативната средба на државниот врв кај претседателот Иванов, а Дневник од свои извори неофицијално дознава дека таму ќе имало три предлози за името. Илузиите, се чини, ги разбива премиерот Груевски кој во поновогодишно мега-интервју за Дневник изјавува дека „Патот на Македонија кон евроинтеграциите заличува на голгота“.

Утрински, испровоциран објавува осврт со наслов: „Време за отрезнување. Тонат надежите за пробив во НАТО“ и прашува каде потона оптимизмот на Груевски кој спроти новогодишните празници ги убедуваше граѓаните дека во новата година Македонија многу посамоуверено ќе чекори по патот на интеграциите, а во интервјуто јасно и гласно кажува дека не очекува пријатно изненадување од Самитот на НАТО во Чикаго и дека ниту Грција, ниту големите сили и Брисел се заинтересирани за проблемот со името.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG