Кина и Русија и натаму се противат на предлогот Советот за безбедност да воведе нови санкции против Иран со цел да го натера да се откаже од неговата нуклеарна програма.
До последниот состанок на Советот дојде по вчерашното убиство во Техеран на иранскиот нуклеарен научник Мостафа Ахмади Рошан.
Двајца мажи на мотоцикл брзо закачиле таканаречена магнетна бомба на колата со научникот и неговиот шофер која неколку моменти потоа експлодирала.
„Видов мотоцикл. Носеа црни волнени капи. Беа двајца и едниот од нив имаше нешто во рацете“, изјави еден од сведоците.
Новинските агенции јавуваат дека 32 годишниот Рошан бил надлежен во надгледувањето на иранската постројка за забогатување ураниум во Натанз, во близина на Исфаха.
Иранската Организација за атомска енергија го потврди неговото убиство, нарекувајќи го грозоморен чин.
„Бомбата беше магнетна и иста како оние што претходно беа користени за убивање на други научници и тоа е дело на ционистите“, изјави заменик гувернерот на Техеран Сафар Али Баратлу.
Официјален Техеран редовно за ваквите инциденти ги обвинува Израел и Соединетите држави, наведувајќи дека со тоа сакаат да ја ослабат иранската нуклеарна програма.
„Сакам категорично да отфрлам секаква инволвираност на Соединетите држави во актот на насилство внатре во Иран“, изјави американскиот државен секретар Хилари Клинтон.
Портпаролот на Советот за национална безбедност
Томи Вајтор, осудувајќи го убиството на научникот изјави дека Соединетите држави апсолутно немале ништо со нападот.
Има и шпекулации дека бомбашкиот напад бил изведен од иранскиот режим со цел да добие поддршка против западот.
Алиреза Нуризадех, директор на Центарот за арапски и ирански студии, со седиште во Лондон оценува дека нападот бил дел од војната против Иран од страна на земјите решени да го запрат Техеран да развие нуклеарно оружје.
„Овој последен инцидент покажува дека војната против Иран почна. Во оваа војна не е инволвирана само една страна. Не можеме да кажеме дали тоа е Израел, Соединетите држави или некој друг. Станува збор за повеќе земји.“
Но, за разлика од него, Нима Рашедан, аналитичар од Женева се сомнева дека зад нападот стоеле странски земји.
„ Не знам колку можете да им верувате на извештаите од иранскиот режим во кои се обвинуваат западни земји за инцидентот кога токму иранската влада не го крие фактот дека официјално поддржува терористички групи во светот.“
Вчерашното убиство беше четврто на ирански научници за неполни две години. Како и во претходните и сега Техеран порача дека иранските научници се порешителни од кога и да е на патот на прогресот на нивната земја.
Видов мотоцикл. Носеа црни волнени капи. Беа двајца и едниот од нив имаше нешто во рацете.Сведок на убиството на иранскиот научник.
Двајца мажи на мотоцикл брзо закачиле таканаречена магнетна бомба на колата со научникот и неговиот шофер која неколку моменти потоа експлодирала.
„Видов мотоцикл. Носеа црни волнени капи. Беа двајца и едниот од нив имаше нешто во рацете“, изјави еден од сведоците.
Новинските агенции јавуваат дека 32 годишниот Рошан бил надлежен во надгледувањето на иранската постројка за забогатување ураниум во Натанз, во близина на Исфаха.
Иранската Организација за атомска енергија го потврди неговото убиство, нарекувајќи го грозоморен чин.
Овој последен инцидент покажува дека војната против Иран почна. Во оваа војна не е инволвирана само една страна. Не можеме да кажеме дали тоа е Израел, Соединетите држави или некој друг. Станува збор за повеќе земји.
„Бомбата беше магнетна и иста како оние што претходно беа користени за убивање на други научници и тоа е дело на ционистите“, изјави заменик гувернерот на Техеран Сафар Али Баратлу.
Официјален Техеран редовно за ваквите инциденти ги обвинува Израел и Соединетите држави, наведувајќи дека со тоа сакаат да ја ослабат иранската нуклеарна програма.
„Сакам категорично да отфрлам секаква инволвираност на Соединетите држави во актот на насилство внатре во Иран“, изјави американскиот државен секретар Хилари Клинтон.
Портпаролот на Советот за национална безбедност
Не знам колку можете да им верувате на извештаите од иранскиот режим во кои се обвинуваат западни земји за инцидентот кога токму иранската влада не го крие фактот дека официјално поддржува терористички групи во светот.Нима Рашедан, аналитичар .