Достапни линкови

Погреб на Вацлав Хавел


Погребот на Вацлав Хавел
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:47 0:00

Светски лидери, чешкиот државен врв, политичари, уметници и многу обични луѓе, денеска во прашкиот замок, во катедралата на Храдчани, присуствуваа на државниот погреб на екс претседателот Вацлав Хавел.

Чешка со минута молчење точно напладне се прости од нејзиниот прв претседател Вацлав Хавел кој по долго боледување почина на 18 овој месец.

По церемонијата во црквата Свети Вит, телото на Хавел кој на 75 годишна возраст почина во неделата, е кремирано, а погребот на урната, според желбата на неговото семејство, ќе се изврши по Божиќните празници.

Со церемонијата во присуство на делегации од 42 земји, предводени од 15 сегашни и тројца поранешни претседатели завршува тридневната национална жалост во Чешка за Вацлав Хавел, клучниот лидер на мирната Кадифена револуција во 1989 година со што беше отстранета просоветската комунистичка власт во тогашната Чехословачка.

На погребот, меѓу другите, дојдоа францускиот претседател Никола Саркози, британскиот премиер Дејвид Камерон, поранешниот полски полски претседател Лех Валенса и поранешниот американски претседател Бил Клинтон, кој беше во Белата Куќа кога и Вацлав Хавел беше претседател на Чешка, и неговата сопруга сегашната државна секретарка Хилари Клинтон, како и други државници меѓу кои и македонскиот претседател Ѓорге Иванов.

Прашкиот архибискуп Доминик Дука кој своевремено беше во затвор со Хавел на церемонијата во Свети Вит изјави
Оние што сметаат дека тој бил наивен многу грешат. Вацлав Хавел беше целосно свесен за човечките слабости, но ние ќе го запаметиме за неговата определба овие недостатоци да не се прифатат како постојана состојба.
Медлин Олбрајт

„Јас сум ви благодарен и за оние времиња во затвор тогаш, но и за мојата слобода тука и сега.“

Поранешната американска државна секретарка Медлин Олбрајт во чест на Хавел рече:

„Оние што сметаат дека тој бил наивен многу грешат. Вацлав Хавел беше целосно свесен за човечките слабости, но ние ќе го запаметиме по неговата определба овие недостатоци да не се прифатат како постојана состојба.“

Дисидентот и драматург Вацлав Хавел по падот на комунизмот ја
Меделин Олбрајт, Бил и Хилари Клинтон, на погребот на Вацлав Хавел
Меделин Олбрајт, Бил и Хилари Клинтон, на погребот на Вацлав Хавел
надгледуваше поделбата на неговата земја во 1993 во Чешка и Словачка и ја водеше Чешката Република во главните текови на европската политика.

По два петгодишни мандата ја напушти функцијата шеф на државата во 2003 година со нарушено здравје што беше последица на петте години поминати во затвор поради несогласувањето со комунистичката власт во неговата земја.

​Неговиот наследник сегашниот чешки претседател Вацлав Клаус на церемонијата изјави

„Она што останува со нас е идејата на Хавел дека слободата е универзален принцип и ако таа му е одземена на некој, некаде, тогаш и нашата слобода е под закана. Што останува со нас е идејата дека зборот има огромна тежина, дека може и да убие и да исцели, да повреди и да помогне и дека може да го промени светот.“

Во едно од последните интервјуа за Радио Слободна Европа, Хавел се осврна врз настаните од 1989 година.

„Тие не можеа да предвидат што ќе излезе од сето тоа и дека тоа ќе биде снежна топка што ќе предизвика лавина. Се разбира, не знаевме ниту ние.“

Хавел кој се залагаше за изградба на граѓанско општество засновано на чесност и хуманост целиот живот остана поборник за човекови права и за демократија во земји како Куба, Русија, Кина и Белорусија.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG