Уште при неговото назначување за претставник на ЕК во Македонија, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Кетрин Ештон, го најави како дипломат од кариера, со високо искуство и стручност. Во македонскотот МНР го поздравуваат назначувањето на Аиво Орав, поранешниот амбасадор на Естонија во Македонија, но со седиште во Анкара, и велат дека станува збор за добар познавач на регионот и на Македонија и се надеваат на добра соработка.
Доаѓа во една затегната атмосфера во државата и особено во односите со Грција, вели политичкиот аналитичар Алберт Муслиу, кој очекува дека новиот дипломат ќе одговори на дипломатски начин, што е според него најпожелен пристап за ваквата состојба.
„Можеби во јавноста нема да се впушта во жестоки расправи, но дел од неговата работа, што треба да ги сработи, ќе го сработи - мониторирање на сите движења во Македонија, реформите и така натаму. Мислам дека тука нема да има пардон, тука ќе биде многу практичен, прецизен, прагматичен, во секој случај можеме да очекуваме желба и волја за помош. Туку помошта што некој треба да ја даде, треба да се спремни да ја прифатат.“
Досегашниот претставник на ЕК во Скопје, данскиот дипломат Петер Соренсен се задржа само три месеци во Македонија и беше префрлен во Босна. Во текот на својот кус престој во земјава не се експонираше во јавноста и во медиумите.
Сосема поинаков имиџ од оној на Ирецот Ерван Фуере којшто можеше речиси секојдневно да се забележи на разни манифестации и форуми. Беше активен и во неговите предупредувања, забелешки и критики во однос на реформскиот пат на земјава, објаснуваше дека тоа го прави пријателски и со намера да се постигне крајната цел евроинтегрирањето на земјава. Упатуваше остри критики за застојот на политичкиот дијалог, демократизацијата на земјава, слободата на медиумите, законот за антидискриминација.
Властите не можеа долго да ги слушаат неговите критики ги заострија тоновите на комуникација и недовербата со највисокиот претставник на ЕУ во скопје обвинувајќи го дури и за сојузништво со опозицијата. Во времето на неговиот продолжуван мандат којшто го продолжи неговиот престој во Македонија на пет години, Македонија доби кандидатски статус, визна либерализација и две позитивни препораки од ЕК.
Можеби во јавноста нема да се впушта во жестоки расправи, но дел од неговата работа, што треба да ги сработи, ќе го сработи.Алберт Муслиу, аналитичар.