За тоа кој е виновен за загаденоста на воздухот во главниот град, денеска се скараа најголемите две политички партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.
Социјалдемократите обвинија дека градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ, со реализирањето на низа проекти се виновни за зголемувањето на нивото на загаденоста на воздухот во главниот град, кој како што велат стана најзагаден град во светот.
Советникот во Град Скопје од СДСМ, Петар Арсовски рече дека реализирањето на проектите меѓу кои и „Скопје 2014“ резултираат со ископи, прашина и сечење на двореди, а парковите и зеленилата се претвораат во градежни парцели.
„Се исекоа дрва на Водно, двојно повеќе од неопходното, заради грешка во одредувањето на трасата на жичарницата. Заобиколницата не се користи, не се воведе соодветен сообраќаен режим, заради што низ градот и натаму се возат товарни возила и камиони“, рече Арсовски.
Тој додаде дека ќе продолжат да предупредуваат за загаденоста на воздухот се додека не се преземат сите неопходни мерки согласно Законот за квалитет на амбиентален воздух.
На обвинувањата од СДСМ реагираше и Град Скопје и владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Во реакцијата од Градот се вели дека тие поставиле мерна станица за квалитетот на воздухот во центарот на градот, јавно достапна за сите граѓани и „на транспарентен начин ја отвораат темата за загаденоста на воздухот во Скопје, тема за која се молчеше повеќе од 20 години“.
„Не држат тврдењата дека со изградбата на новите булевари и сечењето на старите и болни дрва, се зголемува загаденоста во Скопје. Градот во акцијата за проширување на булеварите има исечено околу 2.600 дрва, а за нивна замена посади околу 44.000 стебла, или за секое исечено дрво се засадени приближно 20 нови. Проточноста на новите булевари го има намалено загадувањето во Скопје, а истото е намалено и со новите 148 автобуси на ЈСП – Скопје“, се наведува во соопштението од Град Скопје.
Тие посочуваат дека преку дисплејот за мерење на квалитетот на воздухот, јавно и транспарентно на граѓаните им препорачуваат кои мерки да ги преземат.
Во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, пак, се наведува дека во мандатот на Коце Трајановски во Скопје се засадени повеќе од 44 илјади дрвја, а во Македонија околу 40 милиони садници и оти која било друга Влада претходно „не направила толку многу за зачувување на природната средина“. Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ нема за што да ги обвини па морал за ова.
„Денес не обвинија за недостатокот на ветрови, утре очекуваме да не обвинат и за паднатиот снег“, се наведува во партиската реакција на ВМРО-ДПМНЕ.
Се исекоа дрва на Водно, двојно повеќе од неопходното, заради грешка во одредувањето на трасата на жичарницата. Заобиколницата не се користи, не се воведе соодветен сообраќаен режим, заради што низ градот и натаму се возат товарни возила и камиони.Петар Арсовски, Советник во Град Скопје од СДСМ.
Социјалдемократите обвинија дека градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ, со реализирањето на низа проекти се виновни за зголемувањето на нивото на загаденоста на воздухот во главниот град, кој како што велат стана најзагаден град во светот.
Советникот во Град Скопје од СДСМ, Петар Арсовски рече дека реализирањето на проектите меѓу кои и „Скопје 2014“ резултираат со ископи, прашина и сечење на двореди, а парковите и зеленилата се претвораат во градежни парцели.
„Се исекоа дрва на Водно, двојно повеќе од неопходното, заради грешка во одредувањето на трасата на жичарницата. Заобиколницата не се користи, не се воведе соодветен сообраќаен режим, заради што низ градот и натаму се возат товарни возила и камиони“, рече Арсовски.
Тој додаде дека ќе продолжат да предупредуваат за загаденоста на воздухот се додека не се преземат сите неопходни мерки согласно Законот за квалитет на амбиентален воздух.
Денес не обвинија за недостатокот на ветрови, утре очекуваме да не обвинат и за паднатиот снег.ВМРО-ДПМНЕ.