Достапни линкови

Корупцијата расте, народот го губи трпението


Корупцијата во политиката и во јавниот сектор во целиот свет е се поприсутна. Тоа пак во текот на оваа година предизвика големи протести, се наведува во најновиот извештај на Транспаренси интернешнал во кој на списокот од 182 земји, Македонија, според корупцијата се најде на 69 место.

Дали во форма на бакшиш, поткуп на политичари, проневера или даночно затајување, корумпираноста на политичкиот и јавниот сектор во светот во текот на изминатата година предизвика излив на гневна реакција, се наведува во најновиот извештај на Транспаренси интернешнал кој е базиран врз испитувања во 182 земји.

Се уште се сеќаваме на сликите од Арапската пролет, на Тунис, Египет, на уличен продавач кој се самозапали, очаен од корупцијата. Значи иако не гледате драматични промени во рангирањето на земјите од претходните години, луѓето го губат трпението.
Миклош Маршал, заменик директор во Транспаренси интернешнал.
„Се уште се сеќаваме на сликите од Арапската пролет, на Тунис, Египет, на уличен продавач кој се самозапали, очаен од корупцијата. Значи иако не гледате драматични промени во рангирањето на земјите од претходните години, луѓето го губат трпението“,вели Миклош Маршал, заменик директор во Транспаренси интернешнал, додавајќи дека тоа би требало да испрати важна порака до некои влади дека корупцијата може да води до смена на режимите.“

На дното на листата се Бурма, Северна Кореа, Сомалија и Авганистан, додека Русија е 143 место.

„Таа е една од светските економски сили и руското ниско рангирање е алармантно. Мислам дека руското раководство би требало тоа да го има предвид и да преземе вистински, а не само реторички реформи.“
Миклош Маршал
Миклош Маршал

Подобри оценки имаат земјите од Источна Европа, вклучувајќи ги и оние од Западен Балкан.

„Тоа е благодарение на аспирациите на тие земји да и се приклучат на Европската унија. Но, прогресот е многу бавен. Сите се многу незадоволни, особено луѓето во тие земји поради бавниот напредок таму. Сепак, барем има надеж за реформи, поттикнати од процесот на проширување на Европската унија, без оглед што мислиме за Унијата која се соочува со проблеми“, вели Маршал.

Тој додава дека во регионот предничи Хрватска која се очекува во 2013 година да стане членка на Европската унија.

Во извештајот исто така се наведува дека корупцијата ги отежнува напорите за зауздување на должничката криза во Унијата. На листата Италија е на 69 тото, а Грција на 80 место.

„Но, да повторам, ако во земјата институциите се слаби, тогаш е неизбежно да имате корупција, бидејќи таа секогаш е еден вид одговор на слаби институции“, изјави Миклош Маршал.

На врвот на листата, односно со најмала корумпираност, се сите скандинавски земји, а на првото место е Нов Зеланд. Соединетите држави се на 24, Турција на 61, а Кина на 75 местото.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG