Достапни линкови

Во Египет парламентарни избори


Во Египет се одржуваат избори за првиот национален парламент по соборувањето од власт на Хосни Мубарак во февруари годинава.

Изборот на 498 пратеници во Народното собрание, односно долниот дом на парламентот ќе се одвива во три фази и би требало да заврши кон крајот на јануари. Исламистичките партии, вклучувајќи го и Муслиманско братство, се очекува добро да минат на гласањето.

До изборите доаѓа по последните протести во кои загинаа над 40 луѓе, но и ги натераа воените власти во земјата да ја забрзаат транзицијата на власта во цивилни раце. Како и да е, демонстрантите остануваат скептични, а аналитичарите оценуваат дека слабиот одѕив би можело да предизвика натамошни демонстрации.

Членот на Воениот совет, генерал Мамдух Шахин, изјави дека војската го задржува правото да ја наименува и да ја распушта владата и откако ќе биде избран новиот парламент.
Конечно чувствуваме дека нашиот глас нешто значи, дека гласањето ќе биде вистинско, како никогаш досега. Претходно некој друг гласаше за мене. Тоа кажува се.
граѓанин од Александрија.

Шефот на Воениот совет, фелдмаршалот Хусеин Тантави, пак, предупреди дека нема да дозволи нарушување на гласањето, додавајќи дека предизвикувачите на проблеми ќе се соочат со смртни последици.

И покрај поделеноста на Египќаните околу гласањето, сепак има и такви кои велат дека со тоа за прв пат ќе се слушне и нивниот глас.

„Конечно чувствуваме дека нашиот глас нешто значи, дека гласањето ќе биде вистинско, како никогаш досега. Претходно некој друг гласаше за мене. Тоа кажува се“, вели Надер Шахин од Александрија.

Гласањето за двата дома на парламентот се очекува да биде завршено во март идната година.

Дури потоа може да се пристапи кон измени на Уставот на земјата, документ кој ќе биде ставен на референдум, по што би уследиле претседателски избори.

Доколку се се одвива според планот, воените генерали би требало да се повлечат од власт кон крајот на идната или во почетокот на 2013 година.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG