Силен земјотрес со јачина од 7,2 степени по Рихтеровата скала го погоди источниот дел на Турција. Турските власти стравуваат дека има околу илјада мртви под урнатините во градот Ван. Точната бројка на жртви се уште не е позната. Последните инфомации се дека до сега се извлечени 100 мртви тела, а над 150 луѓе се повредени. Стотина згради се урнати, а телефонските линии и снабдувањето со електрична енергија се во прекин.
Спасувачки екипи се обидуваат да спасат луѓе што се заглавени во разурнатите згради во градот Ван и во околните градови кои го почуствуваа земјотресот.
По првиот земјотрес, следуваа уште 8 помали земјотреси со јачина од 4 до 6 степени по Рихтеровата скала.
Првиот земјотрес бил почуствуван и во соседните земји, Иран, Ерменија и Грузија. Тресењето имало дијаметар од 1000 километри. Според првичните проценки, околку илјада објекти се оштетени.
Директорот на сеизмолошкиот институт во Истанбул, Мустафа Ердик, изјави дека првичните проценки се дека е можно под урнатините да има меѓу 500 и 1000 загинати
.
Турскиот премиер, Реџеп Таип Ердоган, допатува во Ван и се очекува дека утре ќе биде свикана итна владина седница за земјотресот.
Еден од преживеаните, Халил Челик, стоејќи пред зградата во која живеел, вели дека не може да поверува оти останал без дом.
„Одеднаш се урна пред мене, цела зграда се урна. Се слушаше врескање и плачење, дотрчаа сите минувачи да се обидеме да извадиме повредени од под урнатините.“
Градоначалникот на градот, Еркис Зулфукар Арапоглу, вели дека тешко се справуваат со катастрофата што ги погоди.
„Многу згради се урнаа, многу луѓе загинаа не знаеме колку. Ние чекаме итна помош. Немаме доволно амбулантни возила, а имаме само една болница. Имаме многу повредени.“
Последниот поголем земјотрес што ја погоди Турција беше во 1999 година во северозападниот дел на земјата. Тогаш загинаа над 20 илјади луѓе.
Одеднаш се урна пред мене, цела зграда се урна. Се слушаше врескање и плачење, дотрчаа сите минувачи да се обидеме да извадиме повредени од под урнатините.Халил Челик, жител на градот Ван.
Спасувачки екипи се обидуваат да спасат луѓе што се заглавени во разурнатите згради во градот Ван и во околните градови кои го почуствуваа земјотресот.
По првиот земјотрес, следуваа уште 8 помали земјотреси со јачина од 4 до 6 степени по Рихтеровата скала.
Првиот земјотрес бил почуствуван и во соседните земји, Иран, Ерменија и Грузија. Тресењето имало дијаметар од 1000 километри. Според првичните проценки, околку илјада објекти се оштетени.
Директорот на сеизмолошкиот институт во Истанбул, Мустафа Ердик, изјави дека првичните проценки се дека е можно под урнатините да има меѓу 500 и 1000 загинати
.
Многу згради се урнаа, многу луѓе загинаа не знаеме колку. Ние чекаме итна помош. Немаме доволно амбулантни возила, а имаме само една болница. Имаме многу повредени.Еркис Зулфукар Арапоглу, градоначалник на Ван.