Достапни линкови

Состојбата во Чиле драматична


Најмалку 100 тина помали земјотреси го погодија Чиле во последното деноноќие како афтер шокови на силниот земјотресот од 8,8 степени според Рихтеровата скала.. Во делови од Чиле е прогласена состојба на катастрофа, бројката на загинати постојано расте, а има и големи материјални штети. Земјотресот предизвика и Цунами од двете страни на Пацификот.

Чилеанските власти стравуваат дека од последица на земјотресот ке има повеке стотици загинати, бидејки се уште стотици луѓе се заглавени под урнатините. Досега се смета дека има 300 загинати, а Министертвото за внатрешни работи соопшти дека се разурнати околу 1,5 милиони домови, куќи и згради, мостови и патишта. Делови од Чиле се без електрична енергија, а во други делови пак комуникациските врски се во прекин. Чиле се справува и со проблеми со снабдување со вода.

Штетите се големи

Најмалку 11 крајбрежни градови во Чиле се погодени од Цунами бранови. Најмногу е погоден градот Талкахуано каде водените бранови достигнале висина од 2,4 метри. Ова го соопшти Пацифичкиот Центар за предупредување од Цунами.Агенциите јавуваат за големи материјални штети во повеќе делови на Чиле, прекини на електричната енергија и комуникациите, а предизвикано е и Цунами, поради што се алармирани многу земји од двете страни на Пацификот. Чилеанските медиуми јавуват дека околу 20 згради се целосно разурнати во градота Консепсион, главните патишта се распукани и срушени се многу мостови. Претседателката на Чиле Мишел Бачелет прогласи состојба на катастрофа во земјата. Бразилските туристи што побегнале од хотелот пред да се сруши велат дека ова искуство е хорор.

"Тоа беше најлошиот момент во мојот живот ,се се тресеше, беше толку темно што не знаевме каде се движиме како во најлош кошмар.“

„Ние трчавме по ходникот и си ги исековме стапалата од стаклото на плочите.Моравме да кршиме прозори за да можеме даизлезем безбедно од хотелот.“

Има многу деца низ улиците, многу луѓе се обидуваат да ги контактираат семејствата, ситуацијата е драматична
Чилеанската телевизија емитуваше снимки на уништени згради и автомобили, а репортерите од некои места ја опишуваат ситуацијата како драматична.

"Има многу деца низ улиците, многу луѓе се обидуваат да ги контактираат семејствата, ситуацијата е драматична".

Цунами ги погоди Хаваи, Јапонија и Австралија

Серија од цунами бранови предизвикани од земјотресот во Чиле, ги погоди крајбрежните области на Хаваи, Австралија и Јапонија. Новинските агенции известуваат дека делови од крајбрежјето се поплавени но не се предизвикани сериозни штети како што се очекуваше и нема регистирано жртви. Населението било засолнато во повисоките делови од регионот. Во тие области се уште постои опасност од нови бранови јавуваат агенциите.

Најавена хуманитарна помош за Чиле

Европската Унија ќе испрати хуманитарна помош вредна 3 милиони евра за погодените од земјотресот во Чиле. Хуманитарна помош најавија дека ќе испратат и Обединетите Нации и Соединетите Американски Држави. Најсилниот земјотрес досега во Чиле се случи на 22-ри мај 1960 година, кој беше со јачина од 9,5 степени според Рихтеровата скала, кога загинаа над 1.600 луѓе, а 2 милиона останаа без своите домови. Тогашното Цунами предизвика жртви на Хаваи, во Јапонија и на Филипините, а материјални штети и на западниот берг на Соединетите Држави.
  • 16x9 Image

    Љупчо Наќев

    Работи во Радио Слободна Европа во Прага од започнувањето на емитувањето на програмата на Македонски јазик, како уредник и водител. Со новинарство се занимава од 1988-ма година, најнапред во Македонското радио, а потоа во А1 телевизија, како и повеќе години како постојан дописник на Радио Дојче Веле. 

XS
SM
MD
LG