Достапни линкови

Регионот напред - Македонија стои!


Европската комисија денеска во Брисел ќе го претстави годишниот извештај за напредокот на Република Македонија.
Европската комисија денеска во Брисел ќе го претстави годишниот извештај за напредокот на Република Македонија.

Црна Гора треба да добие датум за преговори, Србија кандидатски статус, а Македонија лета во место трета година по ред, а е кандидат за членство од 2005 година. И проблемот не е само во спорот за името. Критиките на Унијата за реформите во Македонија се силни, власта денфува, а опозицијата критикува.

Новиот извештај на ЕК за напредокот на Македонија во евроинтегративниот процес за власта преставува успех за добро завршената работа за разлика од опозицијата која на него гледа како неуспех. Во секој случај остануваат препораките во кои области ќе треба во иднина да се работи-постигнување на независност на судството, реформи на јавна администрација, борба со корупцијата и слобода на медиумите, да се зајакнат напорите на политичките сили за меѓусебна соработка, како и да се реши спорот со името со Грција.
Не постои позитивен извештај. Извештајот се вика „progress report“, во кој точно е потенцирано во кои делови има прогрес, а во кои делови има регрес.
Гордан Георгиев, СДСМ.

Гордан Георгиев од СДСМ вели дека владата повторно, како и во изминатите години, ќе се обиде да ги замаскира проблемите кои се нотирани, а не да дискутира и да се обиде да ги реши и за нив извештајот е позитивен.

„Не постои позитивен извештај. Извештајот се вика „progress report“ во кој точно е потенцирано во кои делови има прогрес, а во кои делови има регрес. Ако успее владата чесно да го претстави извештајот на јавноста ние ќе го поздравиме тоа и ќе се обидеме заедно да работиме на подобрување на работите. Ако повторно се обиде да го замаскира тогаш ќе влеземе повторно во процес на замајување на јавноста.“


Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, изјави дека извештајот дава осврт на се она што е сработено во изминативе дванаесет месеци, а се нотирани одредени области за кои ќе бидат потребни дополнителни напори за подобрување на состојбите.

„Ние на извештајот ја ЕК гледаме како на еден патоказ што ни покажува каде да се фокусираме во следниот извештаен период.“
Ние на извештајот ја ЕК гледаме како на еден патоказ што ни покажува каде да се фокусираме во следниот извештаен период.
Гордана Јанкулоска, министерка за внатрешни работи.

Македонија од 2009 година има препорака за добивање на датум за преговори. Од тогаш тапка во место, а забелешките се повторуваат, додека другите земји во регионот напредуваат. Србија добива статус на кандидат, добивањето на датум за преговори ја става Црна Гора пред нас, а извесно е и кога Хрватска ќе стане членка на ЕУ.

Според извештајот, придвижувањето на процесот на пристапување на следното ниво ќе придонесе во динамиката на реформите и климата на меѓуетничките односи и ќе има позитивно влијание во регионот. Но, процесот на спорот за името меѓу Македонија и Грција не дава резултати и неговото решавање предолго трае. Комисијата ги повикува двете страни двојно да ги зголемат напорите, без одлагање и одредени чекори кои може негативно да влијаат на односите да бидат одбегнувани.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG