Невработеност, недоволен интерес на младите за стекнување на дополнителни вештини при вработување, но и на владите за финансирање на нивните проекти. Овие се проблемите кои ги лоцираат младите од Македонија, Албанија и Косово, наспроти младите во Романија и Бугарија, каде што состојбата со невработеноста полека се решава, а и државите се сензибилизираат за младинските прашања и проблеми.
Во земјите од Југоисточна Европа, сепак се чини најкритична е состојбата со младите од Албанија. Оваа држава засега води според процентот на невработеност кој изнесува 60%, а од нив голем дел се млади луѓе. Тие се жалат дека без членска книшка и тоа од победничката партија, нема перспектива за квалитетните млади кои се принудени иднината да ја бараат надвор од границите на својата држава.
„Многу млади луѓе, кои сакаат да работат, не можат да ги најдат тие можности во својата држава. Во Албанија нема место за политички неопределените партии, зашто на политичката сцена е создаден еден хаос, кој што не нуди можности за напредок на младите“, вели Ералд Ага, еден од учесниците на Меѓународната младинска конференција која деновиве се одржа во Крушево.
Неговите врсници од Косово пак се оптимисти дека работите во нивната држава ќе се подобрат. Тие се надеваат дека ќе се отворат нови работни места и перспективи за младите, кога ќе имаат шанса да студираат во странство.
„Ние немаме добар образовен систем, ниту пак можности за напредок. Но, се надевам дека работите ќе се сменат кога ќе можеме да студираме на странските универзитети, зашто дипломите што таму ќе ги добиеме, ќе бидат признаени секаде во светот. Но, за ова е потребна голема поддршка од Владата на Косово“, оценува Медија Рахмани од Косово.
Но и младите од Грција, поради актуелната финансиска криза се повеќе својата иднина ја бараат во другите европски држави. Невработеноста расте, а тоа ги депримира младите Грци.
„Бидејќи е економска криза во Грција, Владата вели дека сега нема пари за поддршка на политиките на младите, па се кратат многу проекти. Но, добрата страна е што младите секогаш успеваат да најдат пат меѓу бирократскиот систем во Грција и во соработка со младинските невладини организации се координираат за да можат да влијаат во создавање подобра иднина за сите“, истакнува Христос Карајанидис.
Младите од Романија истакнуваат дека економскиот развој во државата се движи по нагорна линија, иако многу споро, што создава надеж дека ќе има подобра иднина. Во меѓувреме тие треба да го зголемат своето граѓанско учество во заедницата, и да се стекнат со вештини кои ќе им ги отворат побргу вратите до нови работни места.
„Има потреба од пронаоѓање повеќе фондови за истражувачките центри. Зашто има човечки ресурси, но потребни се материјални можности за натамошен разво“, потенцира Михаела Клинку од Романија.
Во Бугарија евидентно се намалува интересот на младите за европските држави. Тие имаат можност и за квалитетно образование и за работа во границите на својата земја.
„Оваа Влада има навистина многу подобар став кон младите и секогаш е подготвена да помогне“, смета Александар Иванов, од Бугарија.
Овие и ставовите на останатите 50-ина учесници во конференцијата ќе бидат доставени до Владите на сите 14 држави од каде доаѓаат.
„Ќе предложиме до Владите во регионот и до европските институции конкретни предлози за решавање на одредени прашања“, најави Методија Стојчески, извршен директор на Младинската асоцијација од Крушево која е организатор на оваа меѓународна манифестација што се одржува по 9-ти пат.
Многу млади луѓе, кои сакаат да работат, не можат да ги најдат тие можности во својата држава. Во Албанија нема место за политички неопределените партии, зашто на политичката сцена е создаден еден хаос, кој што не нуди можности за напредок на младитеЕралд Ага, учесник на конференцијата.
Во земјите од Југоисточна Европа, сепак се чини најкритична е состојбата со младите од Албанија. Оваа држава засега води според процентот на невработеност кој изнесува 60%, а од нив голем дел се млади луѓе. Тие се жалат дека без членска книшка и тоа од победничката партија, нема перспектива за квалитетните млади кои се принудени иднината да ја бараат надвор од границите на својата држава.
„Многу млади луѓе, кои сакаат да работат, не можат да ги најдат тие можности во својата држава. Во Албанија нема место за политички неопределените партии, зашто на политичката сцена е создаден еден хаос, кој што не нуди можности за напредок на младите“, вели Ералд Ага, еден од учесниците на Меѓународната младинска конференција која деновиве се одржа во Крушево.
Неговите врсници од Косово пак се оптимисти дека работите во нивната држава ќе се подобрат. Тие се надеваат дека ќе се отворат нови работни места и перспективи за младите, кога ќе имаат шанса да студираат во странство.
„Ние немаме добар образовен систем, ниту пак можности за напредок. Но, се надевам дека работите ќе се сменат кога ќе можеме да студираме на странските универзитети, зашто дипломите што таму ќе ги добиеме, ќе бидат признаени секаде во светот. Но, за ова е потребна голема поддршка од Владата на Косово“, оценува Медија Рахмани од Косово.
Бидејќи е економска криза во Грција, Владата вели дека сега нема пари за поддршка на политиките на младите, па се кратат многу проекти. Но, добрата страна е што младите секогаш успеваат да најдат пат меѓу бирократскиот систем во Грција.Христос Карајанидис, учесник на конференцијата.