Младинската мултиетничка невладина организација „Мулти-култи“ во отворениот ден за граѓаните на градскиот плоштад во Куманово неколкучасовната презентација на до сега сработеното ја искористи и за вклучување нови членови од основните и од средните училишта. Тие во наредното тромесечие ќе имаат можност преку најразновидни активности да се запознаваат меѓусебе, да се дружат, а веројатно и нешто да научат практикувајќи ја креативноста.
Магдалена Маневска од Младинскиот центар „Мулти-култи“ вели дека презентацијата ја нарекле „Отворен ден“ затоа што излегле на отворено, на Градскиот плоштад во Куманово.
„Главната цел е презентација на програмата на „Мулти-култи“ Младинскиот центар. И се работи на запишување на нови членови од основните и од средните училишта и нивно здружување независно од кој етникум се.“
„Мулти-култи“ организира шест работилници, по три за основците и за средношколците.
„За основците се: работилница за театар која на крајот завршува со театарска претстава која членовите заедно ќе ја подготват, работилница за изработка на накит и изработка на предмети од рециклирани материјали.“
А за средношколците освен темата за меѓусебно запознавање и разгледување на позитивните и негативните страни на социјалните медиуми:
„На оваа работилница младите ќе изработуваат свои, самоиницијативни весници и блогови, а ќе имаат и работилница за млади активисти. На сите работилници освен темата на запознавање на која ќе работат, младинците од сите етникуми ќе работат и на нивното меѓусебно здружување. Главната цел е да видиме колку сме различни, толку и двојно повеќе сме слични меѓусебе па зошто да не се дружиме меѓусебе кога сите сме на иста возраст“, вели Маневска.
Таа додава дека се задоволни бидејќи голема е заиинтересираноста на младите кои сакаат да се зачленат во Мулти-култи, токму поради тоа што имаат можност да си ја испробаат креативноста.
„Имаме заинтересирани за сите програми, младите реагираат ентузијастички и задоволни сме“.
Главната цел е презентација на програмата на „Мулти-култи“ Младинскиот центар. И се работи на запишување на нови членови од основните и од средните училишта и нивно здружување независно од кој етникум се.Магдалена Маневска, „Мулти култи“.
„Главната цел е презентација на програмата на „Мулти-култи“ Младинскиот центар. И се работи на запишување на нови членови од основните и од средните училишта и нивно здружување независно од кој етникум се.“
„Мулти-култи“ организира шест работилници, по три за основците и за средношколците.
„За основците се: работилница за театар која на крајот завршува со театарска претстава која членовите заедно ќе ја подготват, работилница за изработка на накит и изработка на предмети од рециклирани материјали.“
На сите работилници освен темата на запознавање на која ќе работат, младинците од сите етникуми ќе работат и на нивното меѓусебно здружување.Магдалена Маневска, „Мулти култи“