Дојде септември, децата почнаа на училиште, семејните буџети максимално се празнат, имаше бранови поскапувања во текот на годината па сега не е евтин ниту пазарот. Потрошувачите ги менуваат своите потрошувачки навики. Како и секаде и на пазарот на храна влијание имаат цените на енергенсите. Сепак, вообичаените економски фактори не може да ги објаснат толку нагло зголемените цени какви што ги гледаме во последните неколку години, коментираат македонските граѓани:
„Сите долгови летоска направени за одмори, за шетања, стасуваат во септември, плус деца, студенти, уписи, уплатници, сега се разработуваат сите и ЕВН, Водовод, УЈП итн.“
„Нема пари за зимница. Децата на училиште, тоа е дупли трошок, седум илјади денари за учебници тоа е многу.“
Осиромашените семејства се принудени да бараат алтернативни начини на греење:
„Размислувам да се исклучам од парното зошто откако почнав годинава да го плаќам беше 2.600, а сега е 3.700 денари, а нафтата е иста цена, дури и поевтина.“
„Греењето е многу скапо, парното е многу скапо, 5.000 денари за 90 квадрати стан, тоа е премногу.“
Јасно е дека поскапувањата кај сите не предизвикуваат удари. Овој период во складиштата за огревно дрво се надеваат на добра заработувачка. Со оглед на реалната состојба на пазарот таму не се принудени на поскапување на дрвата за греење зошто засега нема поскапување на цената на мазутот.
„2.300 денари е дрво-бука, плус екстра доаѓа утовар, истовар и 2.450 денари е дабот. Нон-стоп се работи, со полна пареа работиме.“
Овој период кога цените на енергенсите и на храната се зголемени и продавачите на книги и училишен прибор ги следат моменталните состојби и тука цените се нереално високи. Учебник во просек чини 200 денари, но училишниот прибор чини многу повеќе.
„Само ликовно ако го земеме како предмет е над 3.500 денари, кога ќе им кажеш темперни бои, блокови, водени бои.“
Цените на храната на светскиот пазар двојно се зголемија од 2002 до 2011 година. Во ситуација кога просечен македонски граѓанин во Македонија најголемиот дел од месечниот буџет го троши токму на храната, секое семејство прави план да го распореди домашниот буџет.
Сите долгови летоска направени за одмори, за шетања, стасуваат во септември, плус деца, студенти, уписи, уплатници, сега се разработуваат сите и ЕВН, Водовод, УЈП итн.Анкетиран граѓанин.
„Сите долгови летоска направени за одмори, за шетања, стасуваат во септември, плус деца, студенти, уписи, уплатници, сега се разработуваат сите и ЕВН, Водовод, УЈП итн.“
„Нема пари за зимница. Децата на училиште, тоа е дупли трошок, седум илјади денари за учебници тоа е многу.“
Осиромашените семејства се принудени да бараат алтернативни начини на греење:
„Размислувам да се исклучам од парното зошто откако почнав годинава да го плаќам беше 2.600, а сега е 3.700 денари, а нафтата е иста цена, дури и поевтина.“
„Греењето е многу скапо, парното е многу скапо, 5.000 денари за 90 квадрати стан, тоа е премногу.“
Само ликовно ако го земеме како предмет е над 3500 денари, кога ќе им кажеш темперни бои, блокови, водени бои.Вработена во книжарница.
Јасно е дека поскапувањата кај сите не предизвикуваат удари. Овој период во складиштата за огревно дрво се надеваат на добра заработувачка. Со оглед на реалната состојба на пазарот таму не се принудени на поскапување на дрвата за греење зошто засега нема поскапување на цената на мазутот.
„2.300 денари е дрво-бука, плус екстра доаѓа утовар, истовар и 2.450 денари е дабот. Нон-стоп се работи, со полна пареа работиме.“
Овој период кога цените на енергенсите и на храната се зголемени и продавачите на книги и училишен прибор ги следат моменталните состојби и тука цените се нереално високи. Учебник во просек чини 200 денари, но училишниот прибор чини многу повеќе.
Размислувам да се исклучам од парното, зошто откако почнав годинава да го плаќам беше 2.600, а сега е 3.700 денари.Анкетиран граѓанин.