Ако со еден збор треба да се оцени состојбата со новинарството и новинарите во земјава во изминатава година, тој збор би бил ЛОШО. Се случи се, од деградација на социјалната положба на новинарите, преку внатрешни поделби и злоупотреба на новинарството, па се до политичко шиканирање, рече заменик претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Маја Јовановска.
Во своето обраќање пред учесниците на тркалезната маса, Јовановска рече дека оваа година е погубна за македонското новинарство. Се затворија неколку медиуми, а стотици новинари останаа на улица, новинарите како да се наоѓаат на бојно поле меѓу политичките елити, новинарите работат во страв од етикетирање и поделби на патриоти и предавници, подобни и неподобни, леви или десни, рече Јовановска и укажа на огромниот притисок под кој се наоѓаат новинарите за одржување на сопствениот социјален статус.
Обраќање на тркалезната маса имаше и вицепремиерката за европски прашања Теута Арифи. Имајќи предвид дека наша стратешка цел е членство во ЕУ, прашањето со медиумите е значајно за остварување на таа наша цел. Арифи прв пат призна дека оваа иницијатива доаѓа како резултат на последната листа од Европската Комисија каде меѓу повеќето услови кои биле посочени дека земјата треба да ги исполни за да се надева на членство во Унијата, било споменато прашањето со медиумите.
„Одговорни владини претставници се соочуваат и кога тие пораки им се тешки за соочување и кога не им се допаѓаат. Побитна е целта за реализација на европската идеја, треба да се соочиме со сите предизвици кои се испречуваат на тој пат“, рече Арифи.
Предмалку говорот го заврши и амбасадорот на ОБСЕ во Македонија Ралф Брет, тој рече дека тркалезната маса на која учествуваат сите страни ќе создаде платформа за одржлива дискусија за прашањата поврзани со медиумите и ќе биде место од каде ќе произлегуваат нови идеи и решенија.
„Слободата на изразувањето е едно од основните човекови права и се смета за основа на слободните демократии, правото да се има свое мислење, да се бара и да се добива каква било информација и идеи преку медиумите без пречки е гарантирано во сите меѓународни документи“, подвлече Брет.
На денешната дебата учестуваат претставници на медиумите, на невладините организации, присутен е и новиот американски амбасадор во Македонија Пол Волерс, а најавен е и говор на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска како претставник на владата.
Одговорни владини претставници се соочуваат и кога тие пораки им се тешки за соочување и кога не им се допаѓаат. Побитна е целта за реализација на европската идеја, треба да се соочиме со сите предизвици кои се испречуваат на тој пат.Теута Арифи, вицепремиер за европски прашања
Во своето обраќање пред учесниците на тркалезната маса, Јовановска рече дека оваа година е погубна за македонското новинарство. Се затворија неколку медиуми, а стотици новинари останаа на улица, новинарите како да се наоѓаат на бојно поле меѓу политичките елити, новинарите работат во страв од етикетирање и поделби на патриоти и предавници, подобни и неподобни, леви или десни, рече Јовановска и укажа на огромниот притисок под кој се наоѓаат новинарите за одржување на сопствениот социјален статус.
Обраќање на тркалезната маса имаше и вицепремиерката за европски прашања Теута Арифи. Имајќи предвид дека наша стратешка цел е членство во ЕУ, прашањето со медиумите е значајно за остварување на таа наша цел. Арифи прв пат призна дека оваа иницијатива доаѓа како резултат на последната листа од Европската Комисија каде меѓу повеќето услови кои биле посочени дека земјата треба да ги исполни за да се надева на членство во Унијата, било споменато прашањето со медиумите.
„Одговорни владини претставници се соочуваат и кога тие пораки им се тешки за соочување и кога не им се допаѓаат. Побитна е целта за реализација на европската идеја, треба да се соочиме со сите предизвици кои се испречуваат на тој пат“, рече Арифи.
Слободата на изразувањето е едно од основните човекови права и се смета за основа на слободните демократии.Ралф Брет, амбасадор на ОБСЕ во Македонија.