Дали во дебатата за слободата на медиумите народот ја губи довербата во јавните гласила? Британскиот амбасадор во Република Македонија Кристофер Ивон во неделното интервју за Радио Слободна Европа забележува дека се развива голема дебата за слободата на медиумите во Македонија, што не е случај во Обединетото Кралство.
„Затоа се прашувам дали луѓето имаат доволно сигурност и доверба околу слободата на медиумите? Сметам дека тоа секако е нешто кое треба да се разгледува и сметам дека не треба фокусот да биде на владата туку и на политичките партии, граѓанското општество и најважно, самите претставници на медиумите, кои треба да одлучат како да се изгради поголема доверба.“
Дебатата е мошне здрава, вели британскиот амбасадор и додава:
„Тоа што го немам видено е луѓе да дојдат кај мене и да речат дека тие имаат доверба во слободата на медиумите. Самата дебата стана затворена. Додека продолжува, потребно е да има некој начин на обележување на патеката по која ќе се одвива дискусијата.“
Ваквата дебата може да придонесе кон создавање на критичен став на јавноста, не само за одделни политичари туку и за самите медиуми, објаснува комуникологот Климе Бабунски:
„Тоа во крајна линија е само позитивен краен резултат или ефект, затоа што јавноста станува покритична и кон своите извори на информации. Вистинската опасност е ако отсуствува во општеството дебата, сериозна дебата, за тоа дали медиумите добро, правилно, професионално известуваат.“
Дебатата за медиумска слобода може да биде само корисна за општеството, забележува Бабунски:
„Затоа што на некој начин ќе ги подигне стандардите и во самите медиуми, но и ќе ја зголеми подготвеноста на критичност и во јавноста и меѓу граѓаните.“
Инаку, неколку странски организации изразија загриженост за состојбата на медиумите во Македонија.
Затоа се прашувам дали луѓето имаат доволно сигурност и доверба околу слободата на медиумите? Сметам дека тоа секако е нешто кое треба да се разгледува и сметам дека не треба фокусот да биде на владата туку и на политичките партииКристофер Ивон, британски амбасадор во Македонија
„Затоа се прашувам дали луѓето имаат доволно сигурност и доверба околу слободата на медиумите? Сметам дека тоа секако е нешто кое треба да се разгледува и сметам дека не треба фокусот да биде на владата туку и на политичките партии, граѓанското општество и најважно, самите претставници на медиумите, кои треба да одлучат како да се изгради поголема доверба.“
Сметам дека прашањето за медиумите е нешто кое треба да се разгледува, вели британскиот амбасадор Кристофер Ивон.
Дебатата е мошне здрава, вели британскиот амбасадор и додава:
„Тоа што го немам видено е луѓе да дојдат кај мене и да речат дека тие имаат доверба во слободата на медиумите. Самата дебата стана затворена. Додека продолжува, потребно е да има некој начин на обележување на патеката по која ќе се одвива дискусијата.“
Ваквата дебата може да придонесе кон создавање на критичен став на јавноста, не само за одделни политичари туку и за самите медиуми, објаснува комуникологот Климе Бабунски:
Вистинската опасност е ако отсуствува во општеството дебата, сериозна дебата, за тоа дали медиумите добро, правилно, професионално известуваатКлиме Бабунски, комуниколог.