Достапни линкови

Новинарите се бунат, СРД се шири


СРД, по зголемувањето на бројот на членови, нема да им служи на медиумите туку на политичките партии, пред се, сега на власта.

Жолчната расправа која се разви околу менувањето на составот на Советот за радиодифузија повторно го отвори прашањето за значењето на ова регулаторно тело во сферата на електронските медиуми. Здружението на новинари од каде што во изминатите денови предупредија кои се
Се води жестока битка меѓу власта и опозицијата за контрола на регулаторното тело. Тоа тело тело веќе крајно се политизира и тоа нема да служи на медиумите туку на политичките партии, пред се, сега на власта.

последиците од таквиот пристап најавија дека ќе ги повлечат своите членови од Советот. Задача на Советот е да ја зачува независноста на медиумите. Укажувајќи дека ниту ова тело што досега постоеше функционираше како што треба, претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, оценува дека ниту сега зајакнато со шест нови членови ќе го постигне тоа, туку обратно, крајно ќе се политизира.

„Жолчна е расправата затоа што се води жестока битка меѓу власта и опозицијата за контрола на регулаторното тело. Тоа тело тело веќе крајно се политизира и тоа нема да служи на медиумите туку на политичките партии, пред се, сега на власта.“

ЗНМ најави дека во иднина нема да предлага нови членови во Советот. Што се однесува до постојните кои ги предложи претходното раководство, новинарите немаат механизам да ги повлечат своите претствници, но ги повикуваат да го преиспитаат своето учество во радиодифузија, зашто, како што оценуваат, тоа ќе биде симболично.

„Нашето влијание опаѓа. Чудно ми е зошто не реагираат МАНУ и двата Универзитети кои таму исто така имаат свои членови.“

Новинарските организации се противат на проширувањето на СРД.

Освен ЗНМ, и Македонскиот институт за медиуми имаше остри рекции за менувањето за составот на членовите во целиот овој период. Оттаму констатираат дека секогаш кога се донесува регулатива која се однесува на медиумите, тоа се прави во последен момент на нетранспарентен начин и без консултација со медиумите. Но, власта не покажа разбирање за
Јасно е дека кога има повеќе членови, донесувањето одлуки е подолготраен процес и нештата стануваат се повеќе комплицирани, а тоа не е показател за ефикасност.

барањето на ЗНМ, МИМ и Самостојниот новинарски синдикат, предлогот да биде повлечен. Јасно е дека всушност се создава состојба во која јавната демократска комуникација е речиси невозможна, констатираа некои од комуниколозите. Еден од нив е Климе Бабунски, според чии оценки, последните случувања околу Советот произведуваат автоцензура.

„Јасно е дека кога има повеќе членови, донесувањето одлуки е подолготраен процес и нештата стануваат се повеќе комплицирани, а тоа не е показател за ефикасност.“

Согласно најновите законски измени донесени во јули годинава, бројот на членови во Советот за радиодифузија се зголемува од девет на 15. По двајца од шесте нови членови предлагаат Претседателот на државата и Заедницата на единиците на локалната самоуправа(ЗЕЛС), а по еден Комисијата за спречување на корупцијата и Комисијата за заштита од конкуренцијата.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG