Достапни линкови

Дебарчани се уште без пари за штетите од земјотресот


За околу 700 оштетени објекти во Дебар беше предвидена оштета од 300 илјади евра.
За околу 700 оштетени објекти во Дебар беше предвидена оштета од 300 илјади евра.

Две години по земјотресот што го погоди Дебар, граѓаните на овој град се уште чекаат на исплата за претрпените материјални штети.

Материјалните штети што ги претрпеа поголем број дебарчани од силниот земјотрес од 6 септември 2009 година и по две години се уште не се исплатени од страна на Владата. И покрај тоа што Извештајот на Комисијата за верификација и проценка на штетите доби зелено светло од страна на Советот на општина Дебар, во кој за околу 700 оштетени објекти беше предвидена отштета од 300 илјади евра, сепак оштетените не ги добија средствата.
Има некои законски проблеми околу предавањето на документите. Се надеваме дека со партнерите од коалицијата ќе го надминеме проблемот и ќе имаме резултат во обештетувањето на граѓаните.
Решат Ќормемети, општина Дебар.

До Комисијата на локално ниво која ја вршеше верификацијата и проценката пристигнат е негативен одговор од Владината Комисија бидејќи како што објаснуваат во општинската комисија, при доставувањето на извештајот имало доцнење. Претседателот на оваа комисија Решат Ќормемети вели:
Општинската зграда во Дебар.
x
Општинската зграда во Дебар.

„Има некои законски проблеми околу предавањето на документите. Се надеваме дека со партнерите од коалицијата ќе го надминеме проблемот и ќе имаме резултат во обештетувањето на граѓаните. Земјотресот е елементарна непогода и средствата кои треба да се исплатат доцнат.“

Според Ќормемети, преземени се сите активности да се надмине проблемот.

Повеќе месеци, оштетени граѓани се обраќаат за штетите од земјотресот и до единицата на Дирекцијата за заштита и спасување во Дебар, нагласува раководителот Рашит Абазовски.
Доаѓаат кај нас граѓани кои имале материјални штети од земјотресот и бараат да им се исплати штетата.
Рашит Абазовски, Дирекција за заштита и спасување.

„Штетите од земјотресот се работа на локалната самоуправа. Доаѓаат кај нас граѓани кои имале матријални штети од земјотресот и бараат да им се исплати штетата. Ние им кажуваме каде треба да се упатат, бидејќи ингеренцијата е на општината. Дирекцијата за заштита и спасување има обврска да им помогне и да ги упати како треба законски во одреден рок да се заврши работата“, вели Абазовски.

Оштетените граѓани наведуваат дека тие не се виновни за постапките на надлежните институции и бараат да им се исплати матријалната штета од земјотресот, бидејќи санацијата на објектите е извршена со сопствени средства, а земјотресот е елементарна непогода.
Советници од опозицијата во Советот на Дебар најавуваат дека на првата наредна седница ќе бараат од локалните власти информација кои се причините што и по две години не се исплатуваат средствата од штетите од земјотресот.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG