Достапни линкови

Информации за легализација на дивоградбите


Мал број на апликации за легализација на дивоградбите во Дебар
Мал број на апликации за легализација на дивоградбите во Дебар

Делегација од министерството за транспорт и врски во акција за информирање на граѓаните на Дебар за законот за легализација на дивоградбите.

Владата на Република Македонија преку Министерството за транспорт и врски деновиве е во акција за сензибилизирање на Законот за легализација на бесправно изградените објекти, при што раководството на министерството е на терен во општините за да укаже уште еднаш на значењето на законот и можностите што тој ги дава за да се
Средбата во Дебар има за цел да се сензибилизира законот, а граѓаните да можат да ги искористат овие поволности што ги дава законот за да ги легализираат нелегалните објекти.

легализираат бесправно изградените објекти.

При посетата на општина Дебар, заменик министерот за транспорт и врски Тахир Хани, информира дека во Македонија има околу 300 илјади незаконски иградени објекти, но до сега се поднесени 80 илјади апликации за нивна легализација.

„По информацијата добиена од страна на директорот на инспекторатот се доставени околу 80 илјади апликации од страна на граѓаните. Средбата во Дебар има за цел да се сензибилизира законот, а граѓаните да можат да ги искористат овие поволности што ги дава законот за да ги легализираат нелегалните објекти. Поради тоа што немаме голем број апликации ние се одлучивме да одиме од општина до општина и да ги повикаме граѓаните да си ги решат своите проблеми“, изјави Хани.


Хани во Дебар во врска со одредени барања на печалбари од западниот регион за пролонгирање на рокот на законот изјави:

„Ние сме овде за да ги повикаме граѓаните да аплицираат, а што ќе биде по овој рок не знам. Ние ќе го ставиме на дневен ред ова прашање и ќе видиме како ќе постапиме по овој проблем.“

Според градоначалникот на Дебар, Аргетим Фида, по традиција треба да се очекува зголемување на бројот на апликациите последните денови пред завршувањето на рокот на 3 септември.
Ние сме овде за да ги повикаме граѓаните да аплицираат, а што ќе биде по овој рок не знам. Ние ќе го ставиме на дневен ред ова прашање и ќе видиме како ќе постапиме по овој проблем.

„До сега се доставени 520 апликации, односно барања. Имаме формирано две комисии, но ете ова е балканска навика барањата да се доставуваат последните денови“, вели Фида .

При посетата на Дебар, директорот на инспекторатот за градежништво при ова министерство, Сашо Дуковски, изјави дека станува збор за едноставен процес на апликација, а тоа граѓаните треба да го искористат.

„Треба да се запази рокот, а тоа е 3 септември. Процедурата е многу едноставна потребно е доставување на барање и копија на лична карта, а другите документи можат да се достават и по рокот.“

Во Дебар, заменик министерот Хани ги врачи првите 12 решенија на граѓани добиени во постапката за легализација на бесправно изградените објекти.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG