Почнувајќи од четврти март, во наредните шест месеци, сопствениците на дивоградбите, ќе можат барања со документација за нивна легализација според новиот Закон за третман на бесправно изградени градби да поднесат во општините, со што треба да почне решавањето на проблемот на околу 300 илјади дивоградби во Македонија. За едни законот значи конечно ставање ред во градбите и можност општините да им излезат во пресрет на граѓаните, за други тој е чист популизам што не овозможува социјална правда, а ги зголемува дискреционите права на министрите да одлучуваат за легализацијата на објектите. Трети, пак, велат дека најгорлив проблем ќе биде немањето инфрастрактурура во дивите населби, за чија изградба се потребни милиони евра, што општините ги немаат во нивните буџети.
„Ваков закон се носи еднаш на 30, на 50 години, и со измените кои ги претрпе во собранието, мислам дека е солидна основа овој проблем да остане во минатото и понатаму, градоначалниците, општините и сите надлежни ќе бидеме најригорозни во спроведување назаконот за градење“, вели градоначалникот на Чаир и потпретседател на ЗЕЛС, Изет Меџити од ДУИ.
„Сметаме дека и натаму кај лицата кои се со ниски материјални примања ова ќе предизвика сериозни материјални трошоци, а од друга страна ги фаворизира оние што се богати или пак членовите на владејачката класа, кои во моментот градат дивоградби кои ќе бидат легализирани на ваков криминален начин. Јас мислам дека на терен ќе се случува хаос, мислам дека најдобро беше точно да се знае кој во оваа држава ќе може да изврши легализација на својата дивоградба, а кој нема да може. Ќе се создадат огромни турканици имајќи во вид дека сите ќе очекуваат дека ќе можат да ги легализираат своите објекти, а јас одговорно тврдам дека тоа нема да може, затоа што има места кои беше потребно владата строго да ги дефинира каде нема да може да се легазлизира, за граѓаните да не го губат своето време, да не прават трошоци, ниту да создаваат гужви пред администрацијата. Какви се тие закони кои им даваат дискрециони права на министрите да одлучуваат за тоа кој објект може да биде легализиран,а кој не, што е спротивно на Европските директиви?“, вели градоначалникот на Карпош Стевче Јакимовски од СДСМ.
„Тој е во функција на решавање на проблемот со недвижен имот на голем број граѓани. Значи оној недвижен имот кој како дивоградба до сега не можеа да го стават во промет, како хипотека и да го префрлуваат на други лица, сега со овој закон и со постапката на легализација, тоа ќе биде овозможено. Според мене можеби ќе биде реална пречка на терен само инфраструктурата.Она што претежно ги одликува овие населби со диви објекти, тоа е недоволната опременост со инфраструктура, на што ќе се размислува по имплементацијата на законот, кога граѓаните за возврат на легализацијата, од општините ќе бараат да има понуди комплетна инфраструктура“, вели градоначалникот на Велес Горан Петров од ВМРО-ДПМНЕ.
Покрај геодетскиот елаборат, копија од лична карта и потврда дека објектот е поврзан со инфраструктура, за легализација на дивоградбите во заштитените градски зони и националните паркови, како во случајот со Охрид, потребно е и позитивно мислење на институција задолжена за конкретното подрачје. На градоначалниците од 85-те општини, преку ЗЕЛС и Министерството за транспорт, во Охрид им се објаснуваше примената на новите закони за легализаија на дивоградбите, за градење и за градежно земјиште, за што неопходна е и информативна кампања за граѓаните.
Ваков закон се носи еднаш на 30, на 50 години, и со измените кои ги претрпе во собранието, мислам дека е солидна основа овој проблем да остане во минатото.
„Ваков закон се носи еднаш на 30, на 50 години, и со измените кои ги претрпе во собранието, мислам дека е солидна основа овој проблем да остане во минатото и понатаму, градоначалниците, општините и сите надлежни ќе бидеме најригорозни во спроведување на
Кај лицата кои се со ниски материјални примања ова ќе предизвика сериозни материјални трошоци, а од друга страна ги фаворизира оние што се богати или пак членовите на владеачката класа, кои во моментот градат дивоградби кои ќе бидат легализирани на ваков криминален начин.