Бројот на учениците од соседните општини кои се сместуваат овде за да ја следат наставата во дебарската гимназија е минимален, а статусот на институцијата е неизвесен.
,,Состојбата во дебарскиот ученички интернат е алармантна. Ние имаме барано повеќе пати од Министерството за образование да се исплатат сите 20 плати на вработените кои се шестмина, и до денеска нема одговор. Состојбата е неизвесна. Проблемите се големи и со одржувањето на самиот објект, а не знаеме ништо што ќе биде со самата институција“,
подвлекува директорот на домот,,Здравко Чочковски,, во Дебар, Малик Алајбегу.
Според директорот Алајбегу, вработените ги иритира особено немањето на соодветен правен акт од страна на Министерството за образование до оваа институција за да се надмине состојбата или пак да се изнајде начин на трансформација на објектот.
„Имаме упатено бројни барања и писма до високите функционери на Министерството за образование на Македонија, за да добиеме правен акт за да знаеме што се случува и како да дејствуваме. Има вработени кои дефинитивно сакаат да заминат и да се пријават во Агенцијата за вработување, но состојбата не е јасна.“
Тој говори и за тешката состојба на објектот на Интернатот. Овој објект не е ниту осигуран, истакнува директорот.
,,Објектот на интернатот е во катастрофална состојба. Има проблеми со кујната, потоа греењето, а објектот не е ниту осигуран. Објектот буквално пропаѓа. Проблемот го имаме изнесено и на форумите во Министерството, но тие велат дека ако има штети, нив ќе ги покријат сите домови во земјава.“
Овој ученички дом даде голем придонес во завршувањето на средното образование на многу млади од соседните општини на Дебар, бидејќи тие се школуваа во дебарската гимназија, а беа сместени во овој интернат.

Објектот на интернатот е во катастрофална состојба. Има проблеми со кујната, потоа греењето, а објектот не е ниту осигуран. Објектот буквално пропаѓа. Проблемот го имаме изнесено и на форумите во Министерството, но тие велат дека ако има штети, нив ќе ги покријат сите домови во земјава