Изгледа само Утрински и Дневник ги интересира собраниската дебата за новиот, со зголемен број членови Совет за радиодифузија, па, на пример Утрински забележува дека претседателот на државата Иванов се нашол на прозивка од страна на опозицијата поради неговиот предлог, партискиот послушник, како што наведува, Зоран Трајчески, да биде еден од новите членови на регулаторното тело за работата на медиумите. Утрински и својот едиторијал го насловува: „Партиски професионалци во радиодифузијата“. Дневник информативно забележува дека „Пратениците повторно кршат копја околу Советот за радиодифузија“.
Проблемот со името, актуелизиран по изјавата на германската канцеларка Меркел во интервјуто за Хрватската телевизија, како што се ближи есента, повторно се актуелизира. Интересно е што провладиниот Вечер, користејќи ја изјавата на премиерот Груевски во Вевчани дека Македонија е подготвена за изнаоѓање решение, го форсира фактот дека Груевски прв пат изјавил дека Македонија сака итно да го реши проблемот. И насловот на статијата во Вечер е индикативен: „Атина молчи, Скопје бара итно решение“.
И Нова Македонија, на насловната, како поента од интервјуто со министерот Абдулаќим Адеми, ги акцентира неговите зборови дека сме биле на добар пат до април следната година, кога е новиот Самит на НАТО, да се договориме со Грција за името. Значи ли ова омекнување на ставот на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ и премиер за името, како и да е, ќе покажат наредните месеци.
Само Дневник објавува дека во Уставниот суд се поднесени три иницијативи за оценка на уставноста на автентично истолкуваниот Закон за амнестија со што Хашките случаи, од пратениците на владејачкото мнозинство, беа ставени ад акта.
Исто така Дневник се занимава и со се' поголемото задолжување на македонските граѓани во банките, најмногу заради исплата на долговите на кредитните картички и други потреби. Сумата на вкупните кредити земени од граѓаните лани, според Народна банка е околу 190 милијарди денари.
И во стилот селото гори, бабата се чешла, Вечер редовно ги информира своите читатели за гламурозниот спектакл, како што насловува, по повод прославата на 20-годишнината на независноста на Македонија, со до детали опишување на церемонијата на фонтаната на новиот споменик на плоштадот во Скопје.