Меѓуетничките тензии растат и мештаните кои половина припаѓаат на христијанската, а останатите на муслиманската вероисповед никако не може да најдаат солуција за да се реши проблемот. Оние со исламска вероисповед пред неколку години во центарот на селото изградија џамија и тука ги извршуваат своите обреди. Македонците имаат црква, но велат таа е мала, се наоѓа кај гробиштата, тука се носат мртвите и се пеат
парастоси. А, тие сакаат крштавките и венчавките да ги прават во нов духовен храм, што инсистираат да се гради наспроти џамијата, на оддалеченост од само 20-ина метри, преку патот на локацијата каде сега се наоѓа селското игралиште.
Соселаните со друга вероисповед тоа не го дозволуваат. Велат земјиштето е државно и не може никој да го добива бакшиш, зашто така би требало да се дели на сите селани поддеднакво.
„Тоа место останато е тука, река беше, ако сакаат да им се даде и јас сакам да изградам едно складиште тука за да заработувам. Според мене проблемот може да се реши. Нека си купат една од старите, напуштени куќи во близина и нека си градат и 6 цркви ако сакаат, ќе им помогнам, како што им помогнав, кога ја градеа првата“, вели Селим Селимоски, еден од највозрасните жители на Пешталево.
Тој вели дека ги памети убавите денови на соживот и разбирање на сите мештани.
Ставот на Џамискиот одбор е категоричен, на игралиштето никако нема да дозволат да се гради христијански духовен храм.
„Нека си бараат институционално, нека си одат по патот редоследно, нека си најдат локација, но во игралиштето не. Ние не можеме да им бараме локација за нив. Тие ќе си бараат од Општината, ако им додели не сме ние против“, вели Сабит Балиоски, претседателот на Џамискиот одбор.
Но, од Црковниот одбор се убедени во спротивното, дека нивните соселани се
категорично против изградба на црква.
„Не сакаат да се гради црква, не сакаат воопшто. Цела недела ги молевме, да се состанеме како Координативно тело, од наша страна беа предвидени тројца, а од нивна-не! Ќе се гради црква. Ќе се извадат и тие документи што треба, ќе одиме ние во Скопје, има поголеми институции кои знаат за тоа“, вели Гојко Маркоски, член на Црковниот одбор.
Претседателот на Одборот Дејан Змејкоски вели дека следните чекори за решавање на проблемот ќе ги договорат со прилепското намесништво на МПЦ.
„Ние сами не можеме да преземе ништо, како Црковен одбор сакаме да се консултираме со владиката Петар и со намесникот, па потоа ќе ги преземе сите обврски.“
Змејкоски додава дека барањето за дозвола за градба на црква, општинскиот Совет го одбил пред неколку дена. Владиката Петар, како
што не информираа од Општина Долнени, во неколку наврати се сретнал со градоначалникот Абдула Бајрамоски за да се преземат мерки да се реши проблемот.
Владиката Петар засега се оградува од коментари, како што вели, зашто сака да се смират тензиите меѓу мештаните.
Но, поради поларизираната и напната атмосфера во селото, полицијата будно ја следи ситуацијата. Со двата верски одбора и месната заедница се состанаа претставници на ОБСЕ, кои им сугерираа формирање на Координативно тело, но тоа не се случи.
Тоа место останато е тука, река беше, ако сакаат да им се даде и јас сакам да изградам едно складиште тука за да заработувам. Според мене проблемот може да се реши. Нека си купат една од старите, напуштени куќи во близина и нека си градат и 6 цркви ако сакаат, ќе им помогнам, како што им помогнав, кога ја градеа првата.
парастоси. А, тие сакаат крштавките и венчавките да ги прават во нов духовен храм, што инсистираат да се гради наспроти џамијата, на оддалеченост од само 20-ина метри, преку патот на локацијата каде сега се наоѓа селското игралиште.
Соселаните со друга вероисповед тоа не го дозволуваат. Велат земјиштето е државно и не може никој да го добива бакшиш, зашто така би требало да се дели на сите селани поддеднакво.
„Тоа место останато е тука, река беше, ако сакаат да им се даде и јас сакам да изградам едно складиште тука за да заработувам. Според мене проблемот може да се реши. Нека си купат една од старите, напуштени куќи во близина и нека си градат и 6 цркви ако сакаат, ќе им помогнам, како што им помогнав, кога ја градеа првата“, вели Селим Селимоски, еден од највозрасните жители на Пешталево.
Тој вели дека ги памети убавите денови на соживот и разбирање на сите мештани.
Ставот на Џамискиот одбор е категоричен, на игралиштето никако нема да дозволат да се гради христијански духовен храм.
„Нека си бараат институционално, нека си одат по патот редоследно, нека си најдат локација, но во игралиштето не. Ние не можеме да им бараме локација за нив. Тие ќе си бараат од Општината, ако им додели не сме ние против“, вели Сабит Балиоски, претседателот на Џамискиот одбор.
Но, од Црковниот одбор се убедени во спротивното, дека нивните соселани се
Нека си бараат институционално, нека си одат по патот редоследно, нека си најдат локација, но во игралиштето не.
„Не сакаат да се гради црква, не сакаат воопшто. Цела недела ги молевме, да се состанеме како Координативно тело, од наша страна беа предвидени тројца, а од нивна-не! Ќе се гради црква. Ќе се извадат и тие документи што треба, ќе одиме ние во Скопје, има поголеми институции кои знаат за тоа“, вели Гојко Маркоски, член на Црковниот одбор.
Претседателот на Одборот Дејан Змејкоски вели дека следните чекори за решавање на проблемот ќе ги договорат со прилепското намесништво на МПЦ.
„Ние сами не можеме да преземе ништо, како Црковен одбор сакаме да се консултираме со владиката Петар и со намесникот, па потоа ќе ги преземе сите обврски.“
Змејкоски додава дека барањето за дозвола за градба на црква, општинскиот Совет го одбил пред неколку дена. Владиката Петар, како
Не сакаат да се гради црква, не сакаат воопшто. Цела недела ги молевме, да се состанеме како Координативно тело, од наша страна беа предвидени тројца, а од нивна-не! Ќе се гради црква.