Достапни линкови

Бузек - ЕУ е отворена за проширување


Претседателот на Европскиот парламент, Јержи Бузек, на прес-конференција во Грузија.
Претседателот на Европскиот парламент, Јержи Бузек, на прес-конференција во Грузија.

Пред десет години никој не помислуваше за прием на Западниот Балкан во ЕУ, но сега е поинаку, вели претседателот на Европскиот парламент.

Претседателот на Европскиот парламент, Јержи Бузек, предвидува неизбежни политички промени во Белорусија и вели дека вратата на Европската унија останува отворена за шестте поранешни советски
Никогаш не знаеш кога режим ќе почне да исчезнува и да се распадне. Тоа може да биде и за две или три недели. Пред една година никој не можеше да очекува дека во Северна Африка ќе има нешто на кое денеска сме сведоци. Така може да биде и со Белорусија.
републики.

ЕУ воведе санкции против Минск, по владините акции за сузбивање на протестите на опозицијата. Демонстрантите, во последниве неколку недели, постојано се на улиците на Минск и во другите градови и протестираат поради начинот на кој претседателот Александар Лукашенко се справува со економската криза. ЕУ ги замрзна парите на сметките и им забрани патување на речиси 200 истакнати личности од Белорусија, но санкциите не дадоа резултати.

Но, Бузек верува дека ќе се случат „големи и длабоки промени“. Промените се „зад аголот“, вели тој. Режимот во Белорусија ќе се урне исто толку брзо како оние во Тунис и Египет за време на арапските пролет.

Јержи Бузек во Ерменија.

„Не гледам никакви резултати од санкциите кои ги воведовме. Јас не гледам никаква промена во однесувањето на белоруските власти. Но, ова е прилично типичен пример, бидејќи никогаш не знаеш кога режим ќе почне да исчезнува и да се распадне. Тоа може да биде и за две или три недели. Пред една година никој не можеше да очекува дека во Северна Африка ќе има нешто на кое денеска сме сведоци. Така може да биде и со Белорусија“, вели Бузек.

Затегнати односи на ЕУ со Минск е една од причините за блокирање на програмата за Источно партнерство која започна пред две години. Програмата има за цел да ги доближи политичките и економски односи
Пред десет години никој не помислуваше за идното членство на земјите од Западен Балкан во ЕУ, дури никој не ни сонуваше за такво нешто. Но сега, на почетокот на втората деценија од 21 век, Хрватска е речиси во ЕУ. Србија, Црна Гора и поранешната југословенска Република Македонија се многу добро подготвени.

меѓу ЕУ и источните соседи - Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Грузија, Молдавија и Украина.

Бузек ги отфрли забелешките дека Источното партнерство е алатка дизајнирана да ги задржи источните соседи блиску, но сепак надвор од ЕУ.

Тој признава дека ниедна од земјите нема шанси за краток период да се приклучи на Унијата. За разлика од нив, вели Бузек, земјите од Западен Балкан покажаа како работите може да се променат за краток рок.

„Пред десет години никој не помислуваше за идното членство на земјите од Западен Балкан во ЕУ, дури никој не ни сонуваше за такво нешто. Но сега, на почетокот на втората деценија од 21 век, Хрватска е речиси во ЕУ. Србија, Црна Гора и поранешната југословенска Република Македонија се многу добро подготвени.“

Бузек не поставува временска рамка кога би се случило тоа, но држи до идејата дека Брисел може да им посака добредојде на своите партнери.

„Имаме се уште повеќе од една декада пред нас кога ќе се размислува за Западен Балкан и тогаш ќе биде во ред, се разбира, да се размислува и за источниот дел на Европа. Но, тоа е за во 2025 или 2030 година. Ние не треба да размислуваме на толку долг рок. Но, не мислам дека врата за влез во Европската унија е затворена.“
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG