Достапни линкови

Психо тестови за политичарите?


Според социолозите, ако се мери тежината на зборот на политичарот, се поставува прашањето кој ни го крои општеството. Им требаат ли психо-тестови и на политичарите?

Говорницата е местото каде политичарите ја имаат моќта со својата вештина на говор да привлечат што повеќе гласачи и да ја здобијат довербата на народот. Но, откако ќе седнат во фотелјите тие често знаат да направат некој лапсус или гаф. Во периодов, актулени се психо-тестовите за идните Судии и Обвинители, па се поставува прашањето дали и на нашите пратеници и министри им се потребни, бидејќи тие се
Кај мене дома се падна паричката и сега вртевме, вртевме тоа лебот, пет-шест минути и на крајот скршивме парчиња сите и кај мене падна
паричката.

оние кои ја креираат судбината на народот и донесуваат важни одлуки за иднината на земјата. Некои од изјавите како онаа на премиерот Никола Груевски, претседателот Ѓорѓе Иванов или, пак, легендарниот Амди Бајрам остануваат запаметени и предизвикуваат смеа кај граѓаните.

„Кај мене дома се падна паричката и сега вртевме, вртевме тоа лебот, пет-шест минути и на крајот скршивме парчиња сите и кај мене падна паричката и јас се изненадив да ви кажам.“


„Со претседателот Обама се поздравивме, намигнувајќи си.“

„Бајрам Амди го знаеме, а Шабан е пивка. Амди е Кока-кола во Македонија.“

Но, има и такви, како на градоначалникот на Струмица, Зоран Заев, на лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски и на Иванов за разумниот компромис, што наидоа на неодобрување кај јавноста.
И вели заради Бранко се разведов. Абе човек, оди прашај си ја жена ти да не бил некој друг во прашање, и да сакам не можам да стигнам бе брат.


„Беше Заев, апсениот Заев. Живи луѓе има да јадеме.“

„И вели заради Бранко се разведов. Абе човек, оди прашај си ја жена ти да не бил некој друг во прашање, и да сакам не можам да стигнам бе брат.“

„Тоа е разумен компромис, не можам да ви објаснувам. Сфатете го.“

Психо-тест за судиите, а во влада кого изберат?

Граѓаните велат дека политичарите не внимаваат што ќе кажат и не се заинтересираат како нивните зборови ќе бидат прифатени и сметаат дека им се потребни психо тестови кои ќе покажат дали може да се носат со функцијата.

„Затоа што сепак имаат обврска кон народот и треба да имаме доверба во нив, зошто според изјавите што ги даваат не секогаш изгледа дека се погодни личности.“

„За некои веќе е задоценето.“
Политичарот може да биде изместен од умот, да има некои налудничави идеи, а во тој момент кога тоа се прифатило од политиката, од народот, тоа ќе помине.

„Мислам дека не само за политичарите туку за целиот административен апарат е потребно, тоа е како еден систематски преглед.“

Социологот Илија Ацески вели дека луѓето несоодветните изјави на политичарите ги доживуваат во негативна конотација и се погубни и за личноста и за партијата. Политичарите се обраќаат на маса луѓе, а не кон одредена единка и таму лежи проблемот, вели тој.

„Политичарот може да биде изместен од умот, да има некои налудничави идеи, а во тој момент кога тоа се прифатило од политиката, од народот, тоа ќе помине... тоа е контекст за поширока политичка култура, не станува збор само за тоа дали е ментално способен да крои политика.“

Според социолозите ако се мери тежината на зборот на политичарот се поставува прашањето кој ни го крои општеството и не води во животот.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG