Достапни линкови

Подобра меѓуетничка комуникација


Отворањето на канцеларијата на Комисијата за односи меѓу заедниците доби силна поддршка и од страна на локалните власти во Дебар.
Градоначалникот Аргедим Фида смета дека покрај општините каде што Албанците се во мнозинство во западниот дел од земјава, треба да се отворат и канцеларии онаму каде тие се над 20 насто:

„Како што гледате, Албанците се тие кои се залагаат да дојдат до Охридскиот договор. А, исто така се носители на имплементација на сето тоа. Пример се општина Чаир, Тетово, Гостивар и Дебар, кои две години
Како што гледате, Албанците се тие кои се залагаат да дојдат до Охридскиот договор. А, исто така се носители на имплементација на сето тоа.

напорно работеа за зајакнување на комисиите за меѓуетнички односи со отворање на канцеларии, контакти итн. Нагласувам и моите соседни општини, како што се Центар Жупа и Маврово-Ростуше, кои се исто така мулти етнички да го следат примерот и да отворат вакви канцеларии.“

Претседателот на локалната комисија за односи меѓу заедниците во Дебар, Шани Ајровски, смета дека отворањето на Канцеларијата ќе ја зајакне соработката на Комисијата со граѓаните:

„Граѓаните ќе можат своите предлози и сугестии тука во оваа просторија да го пренесуваат, а ние како Комисија сето тоа ќе го пренесеме преку Советот.“
Граѓаните ќе можат своите предлози и сугестии тука во оваа просторија да го пренесуваат, а ние како Комисија сето тоа ќе го пренесеме преку Советот.

Во рамките на проектот што е финансиран целосно од страна на ЕУ издаден е и прирачник кој ќе помогне во работата на Комисиите, истакнува Ајри Реџепи од невладината организација за етнички вредности:

„Се надеваме дека ќе служи како алатка за давање упатства и инструкции во врска со правата и обврските на комисиите за односи со заедниците со цел подобрување на капацитетот на нивните членови, потоа промовирање на работата на Комисиите за односи меѓу заедниците и запознавање на граѓаните со работата и нивно охрабрување за обраќање за прашања од значење за меѓуетничките односи во нивните заедници.“
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG