Достапни линкови

Антикорупциска - Трошеа повеќе од што имаа


ВМРО ДПМНЕ, ДУИ, ДПА и ПОДЕМ потрошиле повеќе од приливот на нивните сметки.

Антикорупциска поднесе прекршочни пријави за четири партии кои не поднеле финансиски извештаи за сметките отворени за изборната кампања. Обединети за Македонија, СДПМ, НДУ и ПДП, бидејќи не го испочитувале законскиот рок кој има налага да ги откријат изворите на финансирање и трошоците во предизборитето, се соочуваат со казна до 5.000 евра. Првиот човек на Антикорупциска, Воислав Зафировски, вели дека и во вторите извештаи кои им биле доставени забележано е дека ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, ДПА и ПОДЕМ потрошиле повеќе од приливот на нивните сметки.

ДУИ од донации имаат обезбедно 4 милиона и 215 илјади денари, а имаат потрошено 7 милона 215 илјади денари. ДПА од донации обезбедиле 669 илјади денари, а потрошиле 2 милиона 735 илјади 368
денари.
„ДУИ од донации имаат обезбедно 4 милиона и 215 илјади денари, а имаат потрошено 7 милона 215 илјади денари. ДПА од донации обезбедиле 669 илјади денари, а потрошиле 2 милиона 735 илјади 368 денари. ПОДЕМ од донации обезбедиле 76 илјади денари, а потрошиле 121 илјади денари и на крајот Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, од донации обезбедиле 31 милион 930 илјади денари, а потрошени се 272 милион 256 илјади 168 денари.“

Антикорупциска побарала и банкарски изводи на сметките на
политичките партии од 16 мај до 3 јуни за да се констатираат вистинските извори на финансирање и неправилностите.


„Без да ги добиеме банкарските изводи за приливната и расходната страна не можеме да го утврдиме тоа.“

Антикорупциска се уште не ги добила податоците за платеното политичко рекламирање во електронските медиуми кои треба да им ги достави Советот за радиодифузија.

„На Државната комисија за спречување на корупцијата од страна на Советот за радиодифузија и е наметната комуникација изразена со неиздржани обвинувања и обид за дисквалификација и дискредитација во очите на домашната јавност и меѓународните претставници.“
Коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ од донации обезбедиле 31 милион 930 илјади денари, а потрошени се 272 милиона 256 илјади 168 денари.

Зафировски вели дека останува отворено и прашањето за СДСМ која тврдеше дека добила донација од Комерцијална банка за која подоцна банката соопшти дека е кредит. Додека од ВМРО-НП бараат да посочи која од трите фирми настаната од Трготекстил е донаторот за да видат дали финансирањето било во склад со законот.

Антикорупциска побарала и банкарски изводи на сметките на политичките партии од 16 мај до 3 јуни за да се констатираат вистинските извори на финансирање и неправилностите.



Антикорупциска ќе преземе мерки и против НДУ која не ги известила дали во буџетот на земјава префрлила 160 илјади денари, кои ги пријави како донација, а го преминуваат лимитот.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG