Коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ со освоени повеќе од 426 илјади гласови или 39 проценти од гласовите победи на предвремените парламентарни избори, покажуваат првичните податоци на Државната изборна комисија. Според резултатите од преброени речиси 98 отсто од гласачките места, одзивот е повисок од 63 проценти. Претседателот на ДИК, Борис Кондарко
оцени дека предвремените избори беа фер, демократски и законски, без поголеми проблеми.
Според симулацијата што ја направи Граѓанската асоцијација МОСТ, според програмата ПВТ, односно паралелно пребројување на гласовите, каде се дава можност за плус-минус три отсто, ВМРО-ДПМНЕ освои 53, а СДСМ 43 пратеници. ДУИ е убедлив победник во албанскиот политички блок.
Оваа победа има посебна тежина бидејќи е освоена во услови на светска економска криза, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на првата прес-конференција на која ја објави изборната победа. Тој оцени дека изборите поминаа во фер и демократска атмосфера за која заслуга имаат сите граѓани на Македонија. Според него, оваа победа е уште поголема одговорност, отколку на сите досегашни избори.
„Ние ќе дадеме максимум од себе да ги исполниме ветувањта дадени во програмата. Но се разбира и ако можеме нешто повеќе од тоа. За нас од утре продожува обврската да дадеме се од себе да им помагаме на сите граѓани на Република Македонија, независно кој за кого го дал денеска својот глас“, изјави синоќа Груевски.
СДСМ и коалицијата на овие избори направија одличен резултат, оценија од најголемата опозициска партија. Според податоците на ДИК, СДСМ освои 33 проценти или повеќе од 358 илјади гласови.
Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски му честита на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски за постигнатиот изборен резултат.
„Ако видовте што можеме да направиме со 18 пратеници, може да замислите што ќе направиме со 43 пратеника. Ние не запираме тука, ќе дадеме се од себе во наредниот период. Времето на СДСМ доаѓа, тоа ви го гарантирам“, изјави Црвенковски.
Честиташе и кандидатката за премиер од СДСМ, Радмила Шеќеринска, но изјави дека ова е пирова победа за ВМРО-ДПМНЕ.
„Вистинската битка продолжува. Вистинската битка ќе продолжиме да ја биеме и во Собранието, сега како многу силна, понатаму како конструктивна опозиција“, рече Шеќеринска.
Во албанскиот политички блок најмногу гласови освои Демократската унија за интеграција. Тие освоија повеќе од 108 илјади гласови. Од ДПА, кои освоија околу 59 илјади, им честитаа на ДУИ за победата.
Симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ победата ја славеа низ улиците на главниот град, и на плоштадот Македонија до доцна во ноќта, односно до пред неколку часа.
Груевски во своето обраќање рече дека во следниот мандат најголемо внимание ќе посвети на привлекување на инвестиции и отворање на работни места, влез во ЕУ и НАТО со зачувано достоинство, борбата против корупцијата и криминалот, одржување на добрите мултиетнички односи и давање поддршка за образованието кое е клучно за иднината на граѓаните.
ДИК денеска треба да соопшти кој колку пратенички места освоил во Собранието во кое треба да седнат 123 народни избраници.
Ние ќе дадеме максимум од себе да ги исполниме ветувањта дадени во програмата. Но се разбира и ако можеме нешто повеќе од тоа. За нас од утре продожува обврската да дадеме се од себе да им помагаме на сите граѓани на Република Македонија, независно кој за кого го дал денеска
својот глас.
оцени дека предвремените избори беа фер, демократски и законски, без поголеми проблеми.
Според симулацијата што ја направи Граѓанската асоцијација МОСТ, според програмата ПВТ, односно паралелно пребројување на гласовите, каде се дава можност за плус-минус три отсто, ВМРО-ДПМНЕ освои 53, а СДСМ 43 пратеници. ДУИ е убедлив победник во албанскиот политички блок.
Оваа победа има посебна тежина бидејќи е освоена во услови на светска економска криза, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на првата прес-конференција на која ја објави изборната победа. Тој оцени дека изборите поминаа во фер и демократска атмосфера за која заслуга имаат сите граѓани на Македонија. Според него, оваа победа е уште поголема одговорност, отколку на сите досегашни избори.
„Ние ќе дадеме максимум од себе да ги исполниме ветувањта дадени во програмата. Но се разбира и ако можеме нешто повеќе од тоа. За нас од утре продожува обврската да дадеме се од себе да им помагаме на сите граѓани на Република Македонија, независно кој за кого го дал денеска својот глас“, изјави синоќа Груевски.
СДСМ и коалицијата на овие избори направија одличен резултат, оценија од најголемата опозициска партија. Според податоците на ДИК, СДСМ освои 33 проценти или повеќе од 358 илјади гласови.
Ако видовте што можеме да направиме со 18 пратеници, може да замислите што ќе направиме со 43 пратеника. Ние не запираме тука, ќе дадеме се од себе во наредниот период. Времето на СДСМ доаѓа, тоа ви го
гарантирам.