Генералната оценка на странските набљудувачи е дека изборниот процес помина во најдобар ред, но сепак конечниот збор утре ќе го има ОДИХР со својот извештај. Американскиот амбасадор во Македонија, Филип Рикер, во придружба на амбасдорот на ЕУ, Петер Соренсен, посетија неколку избирачки места во земјава.
„Имав прилика во Тетово да се сретнам и со амбасадорот Соренсен во паузата додека посетувавме избирачки места. Претходно бев во Карпош, во општина Желино и тука во Тетово. Што се однесува до текот на изборите ќе го почекаме извештајот на ОДИХР, но засега, од тоа што можев да го видам се се одвива во најдобар ред.“
Претседателот Ѓорге Иванов, откако го оствари своето демократсо право на глас, изјави дека се надева оти гласањето ќе помине во најдобар ред како што и доликува на земја која е кандидат за членка во Европската унија.
„Изборите секојпат се денот кога се слави демократијата, затоа што на тој ден граѓаните, преку својот глас, одлучуваат кој ќе ги претстави во Собранието на Република Македонија следните четири
години. Нивниот глас одлучува кој ќе ги носи одлуките кои се суштествени за земјата и кои се за остварување на нашите стратешки цели.“
Речиси сите политичари, откако го ставија своето гласачко ливче во кутијата, изјавија дека очекуваат победа и дека вечерва ќе слават.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, изјави дека го радува тоа што гласањето се одвива демократски, без посериозни попречувња и проблеми.
„Ние како партија, на сите претходни анализи што беа направени и истражувања на јавно мислење од професионални агнеции, имавме убедлива предност и мислам дека така и ќе остане и дека реформите во Македонија ќе продолжат и ќе победат.“
Неговиот опонент, канидатката за премиер од СДСМ, Радмила Шеќеринска, очекува масовна излезност и фер и демократски избори.
„Денешниов ден, 5 јуни, им припаѓа на граѓаните на Република Македонија кои очекуваат и од нас како политичари и од државните институции да направат се за овој ден да биде вистински празник на демократијата. Очекувам граѓаните
масовно да излезат и да гласаат, да го дадат својот глас за оние кои што сметаат дека ќе дадат подобра иднина и повеќе можности за сите граѓани. Она што е најважно денеска е изборите да течат мирно и
демократски во фер атмосфера во која најдобриот ќе победи.“
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, избирачкиот процес го оцени со „чиста десетка“.
„Во целата држава до овој момент изборниот процес се одвива сосема нормално. Се надевам дека сите чинители во овие избори ќе ја прифатат волјата на гласачите.“
Додека неговиот опонент од ДПА, Мендух Тачи, изјави дека се недева оти овој пат земјава ќе ги исполни европските стандарди за демократски избори.
„Синоќа, албанската телевизија „Визион плус“ на најфлагрантен начин го прекрши изборниот молк со емитување на последниот митинг на нашиот политички опонент. Ние веќе поднесовме кривични пријави и во Албанија и во Македонија и ја информиравме меѓународната заедница.“
Преставниците на помалите партии истакнаа дека со овие избори, за прв пат, помалите и средните партии ќе добијат поголема тежина. ОБСЕ/ОДИХР со првична оценка за изборите, ќе излезеат утре.

На сите претходни анализи што беа направени и истражувања на јавно мислење од професионални агнеции, имавме убедлива предност и мислам дека така и ќе остане.
години. Нивниот глас одлучува кој ќе ги носи одлуките кои се суштествени за земјата и кои се за остварување на нашите стратешки цели.“
Речиси сите политичари, откако го ставија своето гласачко ливче во кутијата, изјавија дека очекуваат победа и дека вечерва ќе слават.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, изјави дека го радува тоа што гласањето се одвива демократски, без посериозни попречувња и проблеми.
„Ние како партија, на сите претходни анализи што беа направени и истражувања на јавно мислење од професионални агнеции, имавме убедлива предност и мислам дека така и ќе остане и дека реформите во Македонија ќе продолжат и ќе победат.“
Неговиот опонент, канидатката за премиер од СДСМ, Радмила Шеќеринска, очекува масовна излезност и фер и демократски избори.
„Денешниов ден, 5 јуни, им припаѓа на граѓаните на Република Македонија кои очекуваат и од нас како политичари и од државните институции да направат се за овој ден да биде вистински празник на демократијата. Очекувам граѓаните
масовно да излезат и да гласаат, да го дадат својот глас за оние кои што сметаат дека ќе дадат подобра иднина и повеќе можности за сите граѓани. Она што е најважно денеска е изборите да течат мирно и
Она што е најважно денеска е изборите да течат мирно и демократски во фер атмосфера во која најдобриот ќе
победи.