Достапни линкови

Поплаки за притисоци до Народниот правобранител


Дваесетина граѓани пријавиле заплашувања и притисоци за кого да гласаат до канцеларијата на Омбундсманот.

Канцеларијата на Народниот правобранител од почетокот на изборниот ден досега примила 20-тина јавувања со поплаки од граѓани од целата земја, информира портпаролката на Народниот правобранител, Уранија Пировска.

„Имаме пријави за заплашувања. Имаме пријави од граѓани од Битола,
Имаме пријави за заплашувања. Имаме пријави од граѓани од Битола, кои во текот на вчерашниот ден добиле предупредување да не одат на гласање.
кои во текот на вчерашниот ден добиле предупредување да не одат на гласање, односно да не гласаат за одреден политички субјект. Исто така имаме примено три пораки од граѓани, кои за жал се анонимни, во кои
граѓаните наведуваат дека им биле упатувани закани и биле наведувани за која политичка опција да гласаат.“

Пировска вели дека другите поплаки биле за технички проблеми, односно се јавувале граѓани кои не можеле да си го најдат гласачкото место. Ние контактираме со ДИК и ги упатуваме каде да гласаат, вели таа.


„Исто така беа пријавени попречувања на правото на глас во одредени изборни единици, каде што поради самоволие на претседателот на избирачката единица, граѓанин бил спречен да гласа, меѓутоа веднаш се обративме до ОИК, реагиравме и граѓанинот го оствари своето право на глас“, вели Пировска.

Невладината организација Цивил исто така ги набљудува изборите. Претседателот на Цивил, Џабир Дерала вели дека помали инциденти,
Припадник на една партија во Куманово, вооружен, но во цивилна облека, во непосредна близина на едно гласачко место, барал од гласачите да гласаат за одредена партија.

како агитирање преку телефонски јавувања, се забележуваат во речиси целата земја.

„Припадник на една партија во Куманово, вооружен, но во цивилна облека, во непосредна близина на едно гласачко место, барал од гласачите да гласаат за одредена партија. Вакви информации добиваме буквално од цела Македонија, на секои две до три минути. Други поголеми нарушувања на изборниот процес не се забележани.“

Набљудувачите од ОБСЕ/ОДИХР велат дека „систематски и сеопфатно го набљудуваат гласањето“, и оти по затворањето на избирачките места ќе го следат и броењето на гласовите. Најавија дека финализираните заклучоци ќе ги објават утре.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG