Голема излезност на изборите и нема посериозни проблеми во целокупниот изборен процес, соопштува претседателот на ДИК, Борис Кондарко.
„Немаме добиено некои посериозни известувања, проверени
известувања, за евентуални проблеми или потешкотии во одвивањето на гласањето. Тоа значи дека целокупниот изборен процес, генерално се одвива мирно, коректно, гласањето е слободно, граѓаните слободно излегуваат и тајноп гласаат.“
ДИК соопштува дека до 17 часот, од 93 отсто од избирачките места од кои имаат податоци, на гласање излегле речсиси 54 отсто од граѓаните, односно гласале речиси 929 илјади граѓани. Најголем одзив до 17 часот има во 3 Изборна иденица – 61,23 отсто, а најмал во 6 Изборна единица, односно 42,3 отсто.
Кондарко го соопшти и одзивот на гласањето во дијаспората. Во 7 изборна единица, што ги опфаќа Европа и Африка, гласале 53,35 отсто од регистрираните избирачи. Во 8 Изборна единица – Северна и Јужна Америка, гласале 68,21 отсто од регистрираните гласачи, а во 9 изборна единица, односно во Азија и Австралија, на избори излегле 77,82 отсто од регистрираните избирачи.
ВМРО-ДПМНЕ распали и по МОСТ
На изборни нерегуларности се пожалија и владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозицискиот СДСМ. Владејачката партија се жали дека на две гласачки места во Велес набљудувачите на граѓанската асоцијација МОСТ работеле во корист на СДСМ.
„Набљудувачи на Граѓанската организација МОСТ водат евиденција на лицата кои што го оствариле своето избирачко право и листите потоа им се даваат на претставници од СДСМ, со што се нарушува тајноста на гласањето“, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Директорот на МОСТ, Дарко Алексов, ги отфрли овие обвинувања како шпекулации.
„МОСТ ги смета ваквите дојави и изјави како апсолутно произволна шпекулација, која што има за цел да не дискредитира. И во минатото и на овие избори, МОСТ докажа и покажа дека знае како да ги аплицира меѓународните стандарди за домашно набљудување на изборниот процес“, вели Алексов.
ВМРО-ДПМНЕ обвинува и дека активисти на СДСМ агитирале пред и во некои гласачки места, дека им ја нарушувале тајноста на гласањето на избирачите, дека фотографирале гласачки ливчиња и дека имале билборди на 50 метри од едно гласачко место. Обвинуваат дека на одредени места избирачките одбори на глас ги читале имињата на гласачите. Се жалат и дека ОМ делеле пропаганден материјал пред гласачките места.
На нерегуларности се жали и СДСМ. Потпретседателот на СДСМ, Зоран Заев, вели дека неправилностите ги пријавиле до општинските и до државната изборна комисија.
„Тоа се сликање на гласачкото ливче и чинот на гласање, јавно гласање за потплатени луѓе од ВМРО-ДПМНЕ, кои што јавно доаѓаат и заокружуваат 5. Истовремено, другите активности се пред самите гласачки места, делење на пари, кои што се директно фатени од полицијата, делење на пари на луѓе пред да влезат на гласање од страна на луѓе од бизнис-секторот, кои се подржувачи на ВМРО-ДПМНЕ. И притисоци директни пред самото гласачко место од активисти на ВМРО-ДПМНЕ кои што дел од луѓето ги имаат одвратено од гласање“, вели Заев.
Порптаролката на народниот правобранител Уранија Пировска вели дека граѓаните и до нив се жалеле за притисоци и закани.
„Исто така, уште една вработена во државна институција се пожали дека од страна на раководното лице во институцијата и било дадена закана за нејзиното работно место, бидејќи до 12 часот не успеала да ги поттикне лицата што требала да ги поттикне да излезат на гласање.“
Сите нови информации очекувајте ги нашата интернет страна.

Немаме добиено некои посериозни известувања, проверени известувања, за евентуални проблеми или потешкотии во одвивањето на гласањето.
известувања, за евентуални проблеми или потешкотии во одвивањето на гласањето. Тоа значи дека целокупниот изборен процес, генерално се одвива мирно, коректно, гласањето е слободно, граѓаните слободно излегуваат и тајноп гласаат.“
ДИК соопштува дека до 17 часот, од 93 отсто од избирачките места од кои имаат податоци, на гласање излегле речсиси 54 отсто од граѓаните, односно гласале речиси 929 илјади граѓани. Најголем одзив до 17 часот има во 3 Изборна иденица – 61,23 отсто, а најмал во 6 Изборна единица, односно 42,3 отсто.
Кондарко го соопшти и одзивот на гласањето во дијаспората. Во 7 изборна единица, што ги опфаќа Европа и Африка, гласале 53,35 отсто од регистрираните избирачи. Во 8 Изборна единица – Северна и Јужна Америка, гласале 68,21 отсто од регистрираните гласачи, а во 9 изборна единица, односно во Азија и Австралија, на избори излегле 77,82 отсто од регистрираните избирачи.
ВМРО-ДПМНЕ распали и по МОСТ
На изборни нерегуларности се пожалија и владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозицискиот СДСМ. Владејачката партија се жали дека на две гласачки места во Велес набљудувачите на граѓанската асоцијација МОСТ работеле во корист на СДСМ.
Набљудувачи на Граѓанската организација МОСТ водат евиденција на лицата кои што го оствариле своето избирачко право и листите потоа им се даваат на претставници од СДСМ, со што се нарушува тајноста на гласањето.
„Набљудувачи на Граѓанската организација МОСТ водат евиденција на лицата кои што го оствариле своето избирачко право и листите потоа им се даваат на претставници од СДСМ, со што се нарушува тајноста на гласањето“, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Директорот на МОСТ, Дарко Алексов, ги отфрли овие обвинувања како шпекулации.
„МОСТ ги смета ваквите дојави и изјави како апсолутно произволна шпекулација, која што има за цел да не дискредитира. И во минатото и на овие избори, МОСТ докажа и покажа дека знае како да ги аплицира меѓународните стандарди за домашно набљудување на изборниот процес“, вели Алексов.
Извршниот директор на граѓанската асоцијација МОСТ, Дарко Алексов и американскиот амбасадор Филип Рикер на прес-конференција на 26 мај 2011.
ВМРО-ДПМНЕ обвинува и дека активисти на СДСМ агитирале пред и во некои гласачки места, дека им ја нарушувале тајноста на гласањето на избирачите, дека фотографирале гласачки ливчиња и дека имале билборди на 50 метри од едно гласачко место. Обвинуваат дека на одредени места избирачките одбори на глас ги читале имињата на гласачите. Се жалат и дека ОМ делеле пропаганден материјал пред гласачките места.
На нерегуларности се жали и СДСМ. Потпретседателот на СДСМ, Зоран Заев, вели дека неправилностите ги пријавиле до општинските и до државната изборна комисија.
МОСТ ги смета ваквите дојави и изјави како апсолутно произволна шпекулација, која што има за цел да не дискредитира.