По неколку месеци престој во Македонија, високата претставничка на Европската унија за надворешна политика Кетрин Ештон реши да настапи со иницијатива за надминување на состојбата во Босна и Херцеговина и да го ангажира амбасадорот Петер Соренсен како нов шеф на делагацијата на ЕУ во Сараево.
Во Министерството за надворешни работи засега нема реакција на заминувањето, кое експертите повеќе го гледаат во склоп на тоа дека Босна е еден од приоритетите на ЕУ со оглед и на претходните говори на Ештон.
Пред европарламентарците, таа ја споменуваше Босна како едно од местата каде што нејзината дипломатска служба особено ќе се ангажира, нагласувајќи дека е потребна ефикасна стратегија за да се надмине политичкиот застој:
„Тоа нема никаква врска со ставот на ЕУ кон Македонија, дури во некоја смисла може да се земе како комплимент дека тие мислат дека може на овој начин да се менуваат играчите бидејќи тогаш македонската ситуација не се смета за претерано загрижувачка и дека сепак ние тука можеме во рамките на нашиот политички систем да се справуваме со нашите проблеми“, изјави професор Денко Малески од Правниот Факултет во Скопје.
Но, причините за заминувањето според други гледишта може да се гледаат и од повеќе апспекти. Ова се случува пред се веројатно поради изгубеното трпение по постојаните ангажмани и препораки на кои Македонија не одговара соодветно, смета политичкиот аналитичар Мерсал Биљали:
„Именувате важен дипломат, а потоа го повлекувате и го назначувате на друго место на поважна функција, значи тоа е еден сигнал - „не сме многу заинтересирани за вас, поради вашите грешки, им се посветуваме на други држави.“
Малески, кој вели дека тоа нема никаква врска со ставот на ЕУ кон Македонија, оценува дека европската администрација сака да види некоја активност во БиХ. Потребата од заминувањето на Соренсен ја гледа како важна поради обидите за надминување на ситуацијата таму.
„Соренсен веќе подолго време е во регионот, на Косово, кај нас, но е ангажиран и во Босна односно ја знае ситуацијата таму, па оттаму тој е ангажиран на оваа деликатна функција.“
Една од пораките со која настапи Соренсен овие денови во земјава се однесуваше на тоа Македонија и покрај изборниот период во кој е влезена да остане фокусирана на европската агенда. Во писменото соопштение од кабинетот на Ештон се вели дека 15-годишното искуство на европскиот дипломат во регионот е непроценливо. Засега Соренсен останува во Скопје додека да завршат изборите. Тој во Македонија пристигна во март.
Тоа нема никаква врска со ставот на ЕУ кон Македонија, дури во некоја смисла може да се земе како комплимент дека тие мислат дека може на овој начин да се менуваат играчите, бидејќи тогаш македонската ситуација не се смета за претерано загрижувачка.
Во Министерството за надворешни работи засега нема реакција на заминувањето, кое експертите повеќе го гледаат во склоп на тоа дека Босна е еден од приоритетите на ЕУ со оглед и на претходните говори на Ештон.
Пред европарламентарците, таа ја споменуваше Босна како едно од местата каде што нејзината дипломатска служба особено ќе се ангажира, нагласувајќи дека е потребна ефикасна стратегија за да се надмине политичкиот застој:
„Тоа нема никаква врска со ставот на ЕУ кон Македонија, дури во некоја смисла може да се земе како комплимент дека тие мислат дека може на овој начин да се менуваат играчите бидејќи тогаш македонската ситуација не се смета за претерано загрижувачка и дека сепак ние тука можеме во рамките на нашиот политички систем да се справуваме со нашите проблеми“, изјави професор Денко Малески од Правниот Факултет во Скопје.
Досегашниот евроамбасадор Петер Соренсен и вицепремиерот за европски прашања Васко Наумовски на прес-конференција во владата на 11 март 2011
Но, причините за заминувањето според други гледишта може да се гледаат и од повеќе апспекти. Ова се случува пред се веројатно поради изгубеното трпение по постојаните ангажмани и препораки на кои Македонија не одговара соодветно, смета политичкиот аналитичар Мерсал Биљали:
„Именувате важен дипломат, а потоа го повлекувате и го назначувате на друго место на поважна функција, значи тоа е еден сигнал - „не сме многу заинтересирани за вас, поради вашите грешки, им се посветуваме на други држави.“
Именувате важен дипломат, а потоа го повлекувате го назначувате на друго место на поважна функција, значи тоа е еден сигнал - ,,не сме многу заинтересирани за вас, поради вашите грешки, им се посветуваме на други држави.